Многу настани се откажани, но родендени се слават во кругот на најтесното семејство.Тоа важи и за синот на Кајли Најар, кој во време на изолацијата го прославил својот прв роденден.За да остане запаметен, неговата мајка сама ги изработила украсите и го фотографирала својот син.Над креветчето на нејзиниот син ставила натпис на кој пишува: „Карантин. Прослава на 1-от роденден. Никој од вас не е поканет“.Останатиот дел од собата го украсила со балони во иста боја, а на главата му ставила славеничка капа од хартија.Момченцето станало вирален хит на социјалните мрежи, а неговата насмевка е најдобар доказ за тоа колку малите работи можат да нè направат среќни.