Проверете дали вашето дете е разгалено?

Ако не сте сигурни дали вашето дете е разгалено, овие знаци покажуваат дека е токму такво. Сепак, не очајувајте - можете да го превоспитате. Со многу труд и време

0
270

Честопати, родителите не сакаат да признаат дека нивното дете е разгалено, но овие знаци јасно го покажуваат тоа.

Експертите велат дека е можно родителите да го дисциплинираат разгаленото дете ако постават граници и ако цврсто се држат до нив, без оглед на сè.

Кога му велите ‘не’, тоа се лути додека не го добие она што го сака

Претежно секое дете ќе биде разочарано кога ќе му кажете дека нешто не може, но на разгалените деца им е особено тешко да прифатат ‘не’ како одговор.

Плачењето и хистеријата се вообичаен дел од развојот на децата и нормално е да се однесуваат така кога се многу мали, вели терапевтот на ЛеНаја Смит Крафорд. Меѓутоа, ако тоа постојано се повторува и не запира дури и кога детето ќе порасне – тоа е разгалено.

Никогаш не е задоволно со она што го има

Разгалените деца можеби ги имаат сите играчки и целата облека на светот, но тие никогаш нема да бидат доволни – тие секогаш сакаат сé повеќе и повеќе …

Бидејќи имаат многу, тие не можат да го ценат тоа и стануваат малку алчни“, вели психологот Мишел Борба.

Наместо да бидат благодарни за она што го имаат, тие секогаш се концентрираат на нешто следно, нешто што го немаат.

Мисли дека светот се врти околу него

Разгалените деца мислат дека се центарот на светот.

Тие секогаш мислат на себе, а не на другите. Тие мислат дека се привилегирани и дека ним треба да им се прават некои специјални услуги“, тврди Борба.

Сакаат нешто ВЕДНАШ

Разгалените деца не се многу трпеливи – кога сакаат нешто, тие сакаат веднаш! И, обично е полесно родителите да ја исполнат таа желба отколку да ја слушаат хистеријата …

Не умеат да губат

Генерално, ниту едно дете не сака да губи, без разлика дали станува збор за партија на „Не лути се човече“ или за играње фудбал, но на разгалените мали деца им е особено тешко да поднесат пораз.

Ако вашето дете ги обвинува другите затоа што тоа било во нешто лошо, ако очекува да биде пофалено за сé што ќе направи, вика на другите кои не се однесуваат онака како што тоа сака и не умее да ги пофали другите кога се во нешто добри и успешни, тогаш имате разгалено дете во рацете “, вели терапевтот Вирџинија Вилијамсон.

Не се откажува додека не го добие она што го сака

Упорноста е добра особина, но разгаленоста се разликува од тоа. Разгаленото дете ќе се служи со разни манипулативни тактики за да го добие она што го сака, дури и ако тоа значи да лаже или да ги врти родителите еден против друг.

Одбива да направи нешто додека не го „поткупите“

Сосема нормално е децата понекогаш да се спротивстават затоа што треба да го наместат креветот или да ги измијат забите (во зависност од возраста). Но, ако вашето дете постојано одбива да ги извршува дури и наједноставните задачи додека не го „поткупите“ со пари, играчки, тоа не е добро.

Ако се потпрете на мито за да го мотивирате вашето дете, следниот пат кога ќе му кажете да си го намести креветот, очекувајте од него да праша: Колку ќе ми платиш за тоа?“, вели клиничкиот психолог Сузан Гелб.

Ако откриете дека вашето дете е разгалено, не очајувајте! Можете да го ‘превоспитате’, но ќе треба многу напор и време. Најпрвин важно е да поставите јасни граници и да се придржувате до нив, без оглед колку детето поради тоа ќе плаче и ќе хистеризира … и почесто да му велите „не“.

Исто така, започнете да го поучувате вашето дете дека е многу поубаво да дава, отколку да добива, учете го да научи да биде благодарно и помогнете му да научи да се грижи и да сочувствува со другите.

Ве чека напорна, но не и невозможна задача!

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]