Природен лек против детски бронхитис

Помалите деца често заболуваат од акутен бронхитис, а доколку не се излечи на време, оваа болест многу лесно доведува до појава на хроничен бронхитис. Дали знаете дека порано ова се лекувало на природен начин, со помош на гусја маст?

0
1056

Акутниот бронхитис е една од најчестите дијагнози во амбулантите по општа пракса. Кашлицата е најчест симптом на акутен бронхитис а после неколку денови почнува исфрлањето на секрет со придружни симптоми како што се краткотрајно лесно покачена температура, диспнеја, засипнатост, чувство на стружење или пиштење во градите и малаксаност.

Детскиот бронхитис во медицината најчесто се лекува со антибиотици кои имаат и свои лоши страни. Во секојдневната лекарска пракса антибиотиците се препишуваат премногу често, што доведува до зголемување на отпорноста на лекови, несакани ефекти и непотребни трошоци на лекување.

Затоа е добро да се посветуваме со природата затоа што таа ни нуди одличен лек против бронхитис. Тоа е гусјата маст. Народната медицина многу ја почитува гусјата маст кога станува збор за болести на дишните органи. Во денешно време единствен проблем за овој вид на лекување може да биде: каде да се најде гусја маст? Порабо речиси секоја селска куќа во својот двор имала барем по две гуски и во тоа време болестите на респираторните органи се лекувале со гусја маст. Денеска ситуацијата е поинаква но сепак, гуски сѐуште некаде можат да се најдат.

Начин на лекување:

Гусјата маст во дебел слој се мачка на градите, а местото се покрива со крпа или со газа за да не се измрси облеката. За време на третманот детето треба да лежи покриено преку градите па затоа е најдобро ова да се прави навечер пред спиење или за време на дневниот одмор. Детето треба да мирува барем еден час, а во текот на денот е добро да се повтори ова барем два пати, а трет пат да се стави навечер, пред спиење. Преку ден е добро на детето да му се дава да пие и колку што може потопло млеко во кое ќе ставите мед. На пример, на една шолја млеко се става една лажица мед.

Напомена: Овој рецепт може да се примени и кај лекувањето на воспаление на белите дробови и кај возрасните.

Фото: Dakota Corbin on Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]