Утре (среда, 04.11.), со стрим изведба на две детски претстави од 10 и од 11 часот, во живо од просториите на МКЦ Скопје, започнува новото издание на карванот на детски претстави за деца со посебни потреби ЖАПЧИЊА 2020.
Претставите ќе бидат изведени во живо преку онлајн стрим и според сите протоколи за одржување настани во време на коронавирус.
Првите две изведби на претставата ‘Солта е поскапа од злато’, во изведба на Театар Арт Вени Види се резервирани за учениците од ПОУ ‘Иднина’ и ПОУ ‘Златан Сремец’. Наскоро следуваат уште две изведби.
Актерската екипа ја сочинуваат:Елизабета Клинчаревска Младеновска-Ели, Ѓорги Тодоровски-Трупче, Душица Стојановска Настевска и Викторија Анѓушева. Режијата и драматизацијата се на Викторија Анѓушева.
Проектот е во организација на здружението КУЛТИВАТОР од Скопје и е поддржан од Министерството за култура.