Претворете ги дворовите на градинките во шуми и децата ќе ни процветаат

Едно ново истражување открило дека децата кои играле во неодамна пошумени дворови на градинките имале исти резултати како и оние кои отсекогаш играле во такво опкружување, односно, дека нивниот имунитет бил зајакнат.

0
195

Играњето во природа, во околина слична на шума, го зајакнува имунитетот на децата.
Студија на Универзитетот во Хелсинки покажала дека, по само 28 дена, децата кои поминувале време во пошумените дворови на градинките имале значително подобар имунитет отколку децата кои своето време го поминуваат на бетон.

Играњето надвор, по можност во природа, е важен дел од растењето. Далеку од екранот, децата имаат можност да дишат свеж воздух, да ја истражуваат околината и да се истрчаат со своите пријатели.
Многу родители и наставници веруваат дека не е толку страшно ако децата се валкаат додека се надвор, што е практично неизбежно, а многу од нив исто така веруваат дека е тоа добро за нивниот имунолошки систем. Една нова студија на истражувачи од Универзитетот во Хелсинки покажува дека оваа родителска мудрост е точна.
Објавена во списанието Science Advances, оваа студија е направена во предучилишните установи во финските градови Лахти и Темпера, а во експериментот учествувале деца на возраст од 3 до 5 години. Во три предучилишни установи, децата играле во дворот со природна почва и вегетација, карактеристични за шумата.
Во другите три предучилишни установи децата играле во дворот покриен со чакал. Во четири предучилишни установи, децата прво играле во двор со чакал, а потоа повторно во истиот двор, но сега пошумен. Научниците зеле соодветни биолошки примероци од децата на почетокот на експериментот, и уште еднаш на крајот, по 28 дена.
Кога ги споредиле соодветните податоци добиени со анализа на биолошките примероци на почетокот и крајот на експериментот, биле шокирани. Имено, истражувачите откриле дека децата кои играле во неодамна пошумените дворови имале исти резултати како и оние кои отсекогаш играле во такво опкружување.
Микробиомот на нивниот стомак и кожа драстично се зголемил, а анализата на нивната крв открила поголемо присуство на антиинфламаторни протеини, што покажува дека нивниот имунитет е зајакнат.
Оваа студија покажала дека не е сè изгубено за децата родени во градот, кои поминуваат време во природа во ретки моменти. Мала промена во животната средина во нивните градинки може да влијае на голема позитивна промена во здравјето на децата, а со тоа да им го олесни животот значително на нив и на нивните родители, но и на секој што работи во предучилишните установи, особено во сезоната на грип.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]