Престроги родители – несреќни и несигурни деца

Родителите кои се премногу строги со своите деца и ги контролираат на секој чекор, можеби не се ни свесни дека им предизвикуваат голема емоционална штета и негативно влијаат врз нивната идна самодоверба.

0
426

Да се ​​биде родител не е лесна работа и голем дел од мајките и татковците се одлучуваат за построг пристап кон воспитувањето, во желбата да го заштитат своето дете од опасностите што демнат, но и да го „исчеличаат“ за животот што претстои.

Меѓутоа, ако претераат со строгоста – ефектите можат да бидат сосема спротивни, тврдат психолозите.

Родителите кои се премногу строги кон своите деца, кои не прават компромиси, драконски ги казнуваат своите деца и имаат „спартански правила“ на воспитување, можеби го прават тоа со најдобри намери, но веројатно не се свесни дека со тоа му нанесуваат трајна и непоправлива штета на детето.

Американските истражувачи од Универзитетот во Вирџинија откриле дека мали деца чии родители негуваат строг пристап кон родителството и „железни“ правила може да имаат, значително почесто од децата на умерени родители, потешкотии во развојот, образованието, асимилацијата во општеството, емоционалните врски, комуникацијата, но и во односите со другите луѓе подоцна во текот на животот.

Студијата покажала дека на децата кои се под строга контрола на своите родители им е потешко да опстанат во емотивна врска. Истражувачите следеле 184 млади луѓе годишно, на возраст од 13 до 32 години, од кои едната половина биле мажи, а другата жени. Истражувањето опфатило луѓе од широк социјален и социо-економски спектар, кои пополнувале анкета за себе и за своите родители.

Иако родителите најчесто, со строго воспитување се обидуваат своите деца да ги насочат кон успешно растење и да ги одвратат од некои од животни застранувања, прекумерната контрола за време на адолесценцијата може да го спречи нивниот развој, а се покажало дека таков вид „штета“ кај детето не е ниту малку лесно да се поправи. смета коавторот на истражувањето, професорот Џозеф Ален.

Во тој контекст, ако сакате правилно да го насочувате детето и да ја задржите родителската контрола, неопходно е да го умерите вашиот пристап кон воспитувањете, бидејќи во спротивно, може да добиете послушно и навидум „правилно“ дете, но тоа дете може да има сериозни емотивни последици што драстично ќе влијаат на неговиот подоцнежен живот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]