Престанала да ја дои деветгодишната ќерка…спонтано

Многумина ја нарекувале со погрдни имиња, ја обвинувале за малтретирање и педофилија. Што мислите вие за продолженото доење?

0
293

На барање на ќерката, Шерон Спинк престанала да ја дои својата ќерка после девет години. Таа е мајка на четири деца, а деветгодишната Шарлот последните две години сѐ поретко барала утеха на мајчините гради.

Спинк одлучила да го дои своето најмладо дете толку долго колку што тоа ќе сака сметајќи дека на тој начин создава со детето нераскинлива врска. До пет години ја доела Шарлот три пати дневно, а потоа, еднаш месечно.

„Верувам дека мајчиното млеко има бројни предности. Шарлот на оваа возраст ја доев само еднаш месечно кога се чувствуваше лошо и сѐ подолго време поминуваше без моето млеко. Не можам повеќе да произведувам млеко, но сепак успевав да го произведам кога таа се хранеше“, објаснила Спинк за UNILAD.

Веќе два месеци ќерката не ѝ побарала дојка, иако претходно рекла дека има намера да престане воочи прославата на 10.роденден.

„Да престаневме наеднаш, веројатно ќе ми недостасуваше тоа чувство, вака сѐ се слуи постепено и природно. Тоа беше нејзина одлука“, додала таа.

Оваа мајка од Северен Јоркшир била одлучна во намерата да ја дои најмладата ќерка колку што ќе биде потребно затоа што со првите три деца имала одредени проблеми.

„Се среќавав и со позитивни и со негативни коментари. Ме нарекуваа со погрдни имиња, ми велеа дека го малтретирам детето, дека сум педофил и чудак“, рекла таа.

Сепак, била одлучна и ѝ објаснила на ќерката дека тоа што ќе го чуе не е вистина. Смета дека во други земји е совршено норално да се дои поголемодете, освен во Велика Британија кадешто на ова гледаат со чудење или со гадење.

Фото: Mercury Press

[better-ads type='banner' banner='999' ]