Прераниот пубертет е термин кој се употребува за дете кое почнува прерано да го менува своето тело, односно, пред осмата година кај девојчињата и пред деветата кај момчињата. Пубертетот вклучува брз раст на коските и мускулите, промени во обликот и големината на телото како и способност за репродукција.
Прецизните знаци и симптоми на пубертетот вклучуваат:
Растот на дојките кај девојчињата, зголемените тестиси и пенис, влакната на лицето и продлабочување на гласот кај момчињата, срамни влакна или влакна под пазувоте, брз раст, акни, возрасни телесни мириси, се јасен знак за почеток на пубертетот без оглед на возраста на детето.
Но, за да разбереме што го предизвикува раниот пубертет кај некои деца, корисно е да знаеме што предизвикува почеток на пубертетот. Мозокот го почнува процесот со производство на хормон кој се нарекува гонадотропин-ослободувачки хормон (GnRH).
КОга овој хормон ќе ја досегне хипофизата – мала жлезда во облик на грав во средиштето на мозокот – таа доведува до производство на повеќе хормони во јајниците (естрогени) кај девојчињата и во тестисите кај момчињата (тестостерон).
(Естрогенот е клучен за раст и развој на женските полови карактеристики.
Тестостеронот е одговорен за раст и развој на машките полови обележја.)
Причината за прераниот пубертет често не може да се пронајде но во некои случаи може да го предизвикаат инфекции, хормонски пореметувања, тумори, проблеми со јајниците, тестисите, надбубрежните жлезди или хипофизата, абнормалности на мозокот или повреди. Лекувањето на раниот пубертет обично вклучува лекови кои го одложуваат натамошниот развој.
Фактори на ризик кој го зголемуваат ризикот од ран пубертет кај детето:
Кај девојчињата е поголема веројатноста дека ќе развијат ран пубертет.
Децата со прекумерна телесна тежина имаат поголем ризик од развој на ан пубертет.
Доаѓајќи во контакт со крем или масти за естроген или тестостерон, или други материи кои ги содржат тие хормони (како што се лекови за возрасни или диететски додатоци), може да се зголеми ризикот од развој на ран пубертет кај вашето дете.
Здравствени проблеми (инфекции, хормонски пореметувања, тумори, проблеми со јајниците, тестисите, надбубрежните жлезди или хипофизата, абнормалности на мозокот или повреди).
Можните компликации на раниот пубертет вклучуваат:
Децата со ран пубертет можат на почеток брзо да растат и да бидат високи во споредба со своите врсници. Но затоа што нивните коски созреваат побрзо отколку што е нормално, често престануваат да растат порано отколку обично. Така тие како возрасни можат да бидат пониски од просекот. Раното лекување на раниот пубертет, особено кога се јавува кај многу мали деца, може да им помогне да станат повисоки отколку што би биле без лекување.
Социјални и емоционални проблеми. Девојчињата и момчињата кои го почнуват пубертетот многу пред своите врници можат да бидат исклучително самосвесни за промените кои се случуваат во нивните тела. Тоа може да влијае на самопочитта и да го зголеми ризикот од депресија.
Фото: Pixabey