Премногу чистиот дом го поттикнува развојот на алергии?

Последните истражувања велат дека премалата изложеност на децата на прашина и валкавост во раното детство може да го зголеми ризикот од настанување на алергии и да ја поремети работата на системот за имунитет.

0
310

Чистотата е половина здравје – е изрека која не следи откако ќе се родиме, но најновите откритија не ѝ одат многу во прилог затоа што потврдуваат дека премногу чистиот дом во кој престојува новороденчето ги прави децата поподложни на алергии и на астма во подоцнежниот период од животот.

Речиси е сигурно дека децата кои се од првите денови на живот изложени на алергени и на домашни бактерии имаат помал ризик дека еден ден ќе развијат алергии или отежнато дишење.

Овие најнови истражувања прилично ги изненадиле истражувачите затоа што во поранешните студии е објавувано дека децата кои живает во градските населби кадешто се изложени на буба-шваби, глувци, домашни миленици и алергени се под поголем ризик од настанување на астма, а овие најнови истражувања тоа речиси во целост го побиваат. Тие навеле дека новите сознанија се речиси во целост спротивни од она во што се верувало до сега, а тоа значи дека колку што сте поизложени на алергени помала е веројатноста да развиете алергии.

Околу 41 отсто од децата кои немаат проблеми со дишењето и не се алергични пораснале во домови богати со бактерии и алергени, додека само осум отсто од децата кои имаат алергии биле изложени на нив во текот на првата година од животот.

Стручњаците велат дека објаснувањето за ова откритие е прилично едноставно. Имено, доколку од раѓање живееме во стерилно чисти домови, телото нема можност да развие одбранбени механизми во однос на алергените. Опкружувањето во кое растеме игра многу важна улога за нашето здравје, а ако е опкружувањето премногу чисто системот за имунитет на детето нема да биде стимулиран на вистински начин.

Едно големо истражување било спроведено над 467 новороденчиња од Бостон, Њујорк и Сент Луис. Лекарите го следеле здравјето на бебињата уште додека биле во стомакот од мајките, ги посетиле нивните домови,  ја измериле количината и видот на алергени и извршиле анализа на содржината на бактериите.

Откриено е дека децата во чие опкружување имало влакна од мачки, глувци и измет од буба шваби во првата година од животот имале помалку проблеми со дишењето на возраст од три години во споредба со оние чии домови биле почисти. Шумови во белите дробови се појавиле кај 51 отсто од децата од „чистите“ домови. Домашните бактерии исто така имаат многу важна улога и децата кои се изложени на нив во текот на првата година од животот имаат многу помалку шанси за развивање на алергии, астма и проблеми со дишењето.

Излегува дека комбинацијата од алергени и домашни бактерии се најпогодни за развивање на добар одбранбен систем кај децата.

Сепак, стручњаците ги предупредуваат родителите дека не треба да носат нагли одлуки врзани за домаќинството раководејќи се од овие нови сознанија. Тоа значи дека и натаму треба да ги чистите своите домови и да не набавувате домашни миленици само затоа што мислите дека тоа ќе ги спречи алергиите кај вашите деца.

Стручњаците кои се занимавале со ова истражување велат дека е многу возможно и извесно дека еден ден ќе постои спреј со алергени и бактерии со кои ќе го прскаме воздухот во собата во која спие бебето за да го поттикнеме навреме системот за имунитет да научи да се брани.

Звучи неверојатмо, но не е невозможно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]