Канадските и азиските научници во студијата ‘Cost of Not Breastfeeding’ (Трошоци на недоењето) покажале дека светот би можел да заштеди 341 милијарди долари годишно кога мајкте би доеле подолго затоа што на тој начин се спречува прераната смрт и разни болести.
„Тоа е човеково право, тоа спасува животи и ја унапредува економијата“, рекол канадскиот научник Дилан Волтерс, која ја водел студијата спроведена во повеќе од стотици земји. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува новороденчињата до шестиот месец од живот исклучиво да се дојат, а од тогаш до втората година од животот да имаат комбинирана исхрана од мајчино млеко и друга храна. Доењето помага во спречувањето на проливи и воспаленија на белите дробови, двете најчести причини за смрт на малите деца, а мајките ги штити од рак на јајници и дојки, наведува СЗО.
Но само 40 отсто од децата помлади од 6 месеци исклучиво се дојат, а со придржување до препораките би можеле да се избегнат 820.000 случаи на смрт на деца годишно.
Препреките за доењето варираат од недостаток на адекватен простор и пауза за доење на работните места, агресивен маркетинг на производителите на детска храна, како и стигмата за доењето во јавност. Воочи меѓународната недела на доење која почнува на 1.август, научниците се надеваат дека повеќе земји ќе ги прифатат политиките кои го промовираат доењето и ќе ги присилат работодавачите на поголема поддршка за вработените мајки.
Студијата на ОН од 2017.година покажала дека ниедна земја не прави доволно за да ги поттикне мајките да ги дојат своите деца, иако е тоа добро за економијата.
Фото: Pixabey