Преиспитајте се себеси: Дали и вие се плашите од сопствените деца?

Воспитувањето деца во денешно време може да им се удри од глава на родителите како бумеранг, бидејќи тие ќе пораснат во себични, нетрпеливи и безобразни возрасни луѓе

0
85

Британската дадилка и авторка на книгата „Биди смирен родител“, Ема Џенер, има 20 години професионално искуство зад себе, кое го стекнала со работа на два континенти.

Ема сериозно се плаши од начинот на воспитување на денешните деца и издвојува пет проблеми кои ги смета за најгорливи.

Се плашиме од сопствените деца

Децата имаат премногу контрола над своите родители, а тоа го покажува едноставниот тест со шолјите, вели Ема. „Ако мајката му стави на детето млеко во сина шолја, а тоа рече дека сака да пие од друга шолја, јас внимателно забележувам како реагира родителот: Во повеќето случаи, тој брза да го префрли млекото во друга шолја, додека детето не збеснало. Голема грешка! Од што се плашиш, мамо? “

Не очекуваме многу

Кога децата се однесуваат лошо, на јавно место или меѓу четири sида, родителите креваат раменици во стилот „Па, такви се децата“. „Верувајте ми, тие не мора да бидат такви“, вели Ема, додавајќи дека децата се далеку поспособни од нивните родители, без разлика дали се работи за однесување, почитување на старите лица, домашни работи, дарежливост или самоконтрола.

„Дали мислите дека детето не е во можност да седи мирно во ресторан за време на вечера? Глупости. Мислите дека не може да ја расчисти масата ако не му кажете? Уште една глупост! Единствената причина што тие не се однесуваат правилно е затоа што не сте ги научиле на тоа и не го очекувате тоа од нив! Едноставно е. Подигнете ги вашите стандарди и детето ќе се прилагоди на нив “.

Не прифаќаме мислења и совети од другите

Во минатото, возачите на автобуси, наставниците, продавачите и другите родители имаа „право“ да го опоменат детето кое се однесуваше лошо. Тие беа очи и уши на родителите кои не беа присутни и сите работеа со иста цел: воспитување на пристојни момчиња и девојчиња. Тие беа поддршка на родителите. Денес, кога некој што не му е родител, се осмелува да го опомене детето, мама и тато полудуваат.

Нивното дете е совршено, па затоа често не го прифаќаат мислењето на своите родители и на другите кои мислат дека не е така.

Тие ќе го нападнат наставникот наместо да го казнат детето кое било безобразно на час. И воопшто не помага тоа што денес родителите се судат едни со други, наместо да се поддржуваат. „Кога ќе видат дека нечие дете беснее, сите ја осудуваат мајката која го дисциплинира, би требало да кажат: „Еј, таа е во право, му поставува граници на детето и не ѝ е лесно!“, објаснува Ема.

Се потпираме на полесниот начин

„Прекрасно е што родителите имаат разни електронски помагала за да им помогнат за време на патувањето и кога се на лекар. Денес, родителите се позафатени од кога било досега, и јас секогаш сум за тоа да им олеснувам кога е потребно“, вели оваа искусна дадилка. Но, овие помагала се искушение за родителите, кои почнуваат да ги користат сè почесто, така што децата не можат да научат сами да се забавуваат.

Детските потреби секогаш се на прво место

Добро е што децата се приоритет на нивните родители. Но, денес тоа отиде предалеку, предупредува Ема, бидејќи родителите ги занемаруваат своите потреби и своето ментално здравје поради нивните деца. „Постојано гледам мајки кои повторно и повторно стануваат од кревет за да му угодат на детето. Или татковци кои оставаат сè да истрчаат по пијалак за својата жедна ќерка“.

Сосема е нормално тој татко да рече: „Секако дека може да добиеш вода, но само кога ќе наидеме на следната славина.“

Да кажете „не“ од време на време, не е воопшто лошо, ниту да го замолите вашето дете само да се забавува додека одите во тоалет или подготвувате ручек.

„Се плашам дека ако не почнеме да ги исправаме грешките, нашите деца ќе прераснат во себични, нетрпеливи и безобразни возрасни луѓе. Нема да биде нивна вина, туку наша. Никогаш не ги научивме поинаку ниту очекувавме повеќе од нив.

Ние секогаш сакавме сè да им биде „под конец“, и кога, неизбежно, ќе престане да биде така, нема да бидат подготвени за тоа“, предупредува Ема и апелира: „Очекувајте повеќе. Ајде заедно да ги доведеме овие деца во ред, да ги подготвиме на време да бидат самостојни и успешни во реалниот свет, наместо постојано да ги покриваме во оној што го создадовме за нив“.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]