Пред болеста, тој беше вистински зборливко.
После тоа, се слушаа само вресоци и плач.
Често плачев и јас.
Ме лутеше кога ги слушав другите родители како сакаат нивните деца да замолчат или се жалат дека зборуваат толку многу што тоа ги полудува.
Ми требаше некое време да сфатам дека нечиј глас не доаѓа само од неговата уста.
Гласот можете да го слушнете преку очите, говорот на телото, изразите на лицето.
Така го измисливме нашиот јазик.
Го слушаме како вели „Те сакам“ со својот весел, бистар поглед и блескава насмевка, а притоа се слуша и нежна воздишка.
Тој ни раскажува приказни со неговите мали движења на устата.
Понекогаш, кога ме погледнува, се чувствувам како да гледам во очите на стара душа, која видела и научила многу повеќе отколку што некогаш ќе посакам. Тешко е да се објасни.
Со секоја насмевка, поглед, смеа, израз на лицето, промена на отчукувањата на срцето, мало движење на телото и треперење во очите, тој комуницира со нас.
Секој друг може да биде скептичен кон сето ова, но ако немате дете кое не може да зборува или да го придвижува телото по своја волја, не знаете какви мали чуда можат да се случуваат секој ден.
Не е јазик што секој може да го разбере, но тој е реален. Бидејќи повремено се фаќам себеси како копнеам да го слушам неговиот глас и се прашувам како би звучел сега, наоѓам мир во сознанието дека го слушам, само на наш начин.
Наоѓам мир во вербата дека еден ден тој прекрасен глас ќе го слушне целиот свет.
На љубовта не ѝ требаат зборови“.
Извор: Mommies of miracles
Фото: Unsplash