Синот на Џенифер Ренџер сега би имал 14 години. За жал, на само две години, тој починал ненадејно, а неговата мајка е сè уште неутешна и испраќа важно предупредување до другите родители за никој родител да не помине низ кошмарот што го доживеала таа.
На 16 октомври 2008. година, таа го сместила своето двегодишно дете во неговото креветче, кое било поставено веднаш до ѕидот. Од другата страна на креветчето имало ограда. Го покрила и му посакала добра ноќ. Околу 1 часот по полноќ го проверила, тој спиел на средината од креветчето, па таа си легнала во нејзината соба.
Некаде после 8 часот наутро се разбудила, ставила да се прави кафе и отишла во бањата. Потоа отишла да го разбуди својот син, но тој не бил во креветчето. Во паника, почнала да го бара, а потоа сфатила дека е помеѓу креветот и ѕидот. Само главата му била на душекот. Таа го повлекла и сфатила дека неговото тело е безживотно.
„Син ми починал околу 3 часот наутро од позициска асфиксија. Заглавил меѓу креветот и ѕидот и не можел да излезе. Мислев дека можам да го заштитам со монитор и со оградичка на креветот. Сите што го познавам (вклучувајќи ги и моите родители) ги ставаат креветчињата веднаш до ѕидот. Сè уште не можам да се ослободам од вината што ја почувствував кога лекарот го напиша извештајот во кој ја наведе позициската асфиксија поради небезбедни услови за спиење како причина за смртта на мојот син“, напишала оваа мајка на Фејсбук.
„Можеби не изгледа добро естетски, но никогаш не знаете што може да се случи со вашето дете“, вели таа.
Позициската асфиксија е многу честа причина за повреди на деца на возраст од две години и помлади, со кои се стекнуваат во седиштата за автомобил. Според студијата објавена во Journal of Pediatric, во период од четири години, 31 дете починале додека спиеле на седиште во автомобил. Други 16 мали деца починале спиејќи во други помагала, како што се колички и лулашки.
Фото: Фејсбук