Предупредување за родителите: Не ги оставајте полначите во штекер

Двегодишно девојче починало од струен удар откако го ставило во уста полначот за мобилен кој бил вклучен во штекерот

0
138

Двегодишно девојче од Индија смртно настрадало од струен удар откако го ставило во уста полначот за мобилен ој билвклучен во струја. Во моментот на несреќата девојчето било со мајката на гости кај дедото и бабата и си играло во детската соба.

Како што пренесува The Times of India, некој од домашните кусо пред несреќата го полнел својот мобилен телефон, а потоа заборавил да го извади полначот од струја. Девојчето во еден момент го зело кабелот и го ставило делот што оди во телефон, во устата. За жал, откако било однесено во болница, лекарите само можеле да го констатираат времето на смртта.

За да се избегнат вакви несреќи, се повикуваат родителите да ги обезбедат штекерите и да ги исклучат сите полначи кои не се користат во моментот.

Секако, дури и ако нема мали деца, полначитеза мобилни и за лап-топ не треба да се оставаат вклучени во струја, бидејќи така повеќе трошиме електрична енергија, а постои и безбедносна причина.

Ако останат полначите вклучени сами во струја, за една година трошат 2,628 киловати струја.

Фото: Pixabey

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]