Предновогодишна средба со „Концепт мама“

„Концепт мама” е првата македонска се-во-едно книга и дневник за родителството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.

0
89

Денес, 11 декември од 18 до 20 часот ќе се одржи „Концепт мама” предновогодишна средба. На настанот посетителите ќе можат да ги купат книгите „Концепт мама” со специјален попуст и да учествуваат во разговорот за книгата заедно со кафе и торта. Средбата ќе биде во Концепт мама студиото на ул.„Генерал Михајло Апостолски” (улица Каирска) бр. 2. Децата се добредојдени на настанот.

„Концепт мама” е првата македонска се-во-едно книга и дневник за родителството. Александра Шекутковска Докоска користи комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.

Повеќе информации на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/konceptmama/ и www.konceptmama.mk.

[better-ads type='banner' banner='999' ]