Како да излезете на крај со првите љубовни проблеми на вашиот тинејџер?

Иако не можете да верувате дека вашето дете толку пораснало што веќе има љубовни проблеми, иако ви се чини како до вчера да било во пелени, единствено што ви преостанува е да прифатите и да научите како да се поставите.

0
373

Ако сте родител на тинејџер, прашање на ден е кога тој ќе се соочи со првото вљубување, со љубовните разочарувања, раскинувања. Наместо да превртувате со очите и да се смешкате соочени со неговото „скршено срце“, сетете се на себе во тие години и обидете се да се поставите на вистинскиот начин.

Што вели науката?

Мозокот на вљубената личност е полн со серотонин, норепинефрин и допамин што на некој начин го имитира дејството на дрогата и навистина може да дојде до тресење на колениците, треперливи раце, забрзани отчукувања на срцето и луди мисли.

Како родител треба да бидете свесни за фактот дека вашето дете ќе мора да помине преку првото раскинување, но имајте на ум дека вашиот тинејџер тоа сѐ уште не го знае.

Физичките симптоми на вљубување кај тинејџерите се идентични на оние кај возрасните лица такашто мислењето дека првата љубов не се смета затоа што тоа чувство декако ќе помине не е вистинито.

Што се случува во мозокот на тинејџерите?

Вистина е дека мозокот на тинејџерите и начинот на кој тие ја спознаваат реалноста на раскинувањето и љубовните проблеми може да го претвори во многу болно искуство, но пред да се изнервирате заради целата таа драма, запомнете некоја од следните работи:
Моќта на расудување кај вашето дете сѐ уште не е целосно развиена и тоа, според науката, верувале или не, не се случува сѐ до 25.година затоа што за тоа е задолжен дел од мозокот кој се вика префронтален кортекс кој во целост се развива дури во дваесетите.

Токму од таа причина тинејџерите не можат баш толку лесно да ги пребродат љубовните проблеми.

Тинејџерите се склони кон зависности. Мозокот на тинејџерите е посклон кон алкохол и дроги од мозокот на возрасниот човек, a бидејќи вљубувањето предизвикува во мозокот реакција слична на онаа од кнсумирањето на дроги, тинејџерите се особено чувствителни кога се вљубуваат и кога минуваат низ процесот на раскинување на врската.

Вашето дете живее во сегашноста. Ја обвинувате природата или тој префронтален кортекс кој сѐ уште не се развил, но треба да се помирите со фактот дека на тинејџењрите им е тешко да размислуваат за иднинатa и токму од таа причина им е тешко да сфатат дека тоа лошо чувство со време едноставно ќе помине.

Како да му помогнете на детето да преболи?

Опоравувањето од раскинувањето и „скршеното срце“ во тинејџерските денови бара време и трпение, а на вашето дете можете да му помогнете такашто ќе обрнете внимание на некои многу важни ставки.

Никако не ја потценувајте состојбата во која се наоѓа вашето дете затоа што мора да знаете дека тоа нему му е многу важно и на крајот на краиштата – болно искуство и затоа обидете се да сочувствувате и покажете му дека разбирате како се чувствува во тој момент.

Од друга страна, дајте некои конкретни решенија кои ви помагале вам додека сте минувале низ истото.

Советувајте го детето да почне да води дневник, да шета, да вежба, да прави нешто што го опушта за полесно да заборави на црните мисли.

Подгответе се на тоа дека вашето дете ќе има некој вид на фаза на тагување, осаменост и радост во рок од само неколку месеци, а вие треба да му бидете на располагање за секоја од тие фази и емоции.

Како да се однесувате?

Многу родители премногу емотивно ги доживуваат тешките ситуации низ кои минува нивното дете, речиси потешко од она кога тие поминувале низ истото и затоа е од голема важност освен за вашето дете, да се погрижите и за себе.

Опуштете се, обидете се да останете што посмирени во целата таа ситуација и подгответе се на мноштво многу изненадувачки факти кои ќе ги дознаете за вашето дете во текот на целиот тој период.

Обидете се да не осудувате и да не делувате премногу изненадени особено ако сфатите дека токму вашето дете е самото виновно за сѐ што му се случува иако вие сте го учеле поинаку.

Исто така дозволете си себеси да бидете тажни заради своето дете и заради сознанието дека расте и дека повеќе не е мал и во целост зависен од вас. Оној момент кога ќе си признаете себеси заради што сте тажни и болката во целост ќе ја изгуби моќта над вас.

И на крајот на краиштата секогаш ви останува опцијата да повикате стручна помош, односно, психолог, ако мислите дека детето паѓа во депресија или во некои слични состојби или пак едноставно сметате дека сето тоа предолго трае.

[better-ads type='banner' banner='999' ]