Кај нас во некои училишта се носат униформи, и главно, тие не се некој голем трошок за родителите. Униформите се задолжителни во многу земји ширум светот со оглед на тоа што истражувањата покажале дека „кецелите“ придонесуваат разликите помеѓу учениците да се намалат, не само во економски туку и во многу други аспекти.
Затоа едно училиште во Токио решило да воведе униформи, но мејд бај Армани. Верувале или не, станува збор за државно училиште. Од управата на државното основно училиште
Taimei родителите биле информирани дека со почетокот на новата школска година која во Јапонија почнува во април, се воведуваат униформи кои ги произведува италијанскиот бренд Армани, а нивната цена ќе биде 80.000 јени (околу 600 евра) за еден од три понудени модели, што е три пати поскапо од досегашните униформи во тоа училиште.
Мајка, чие дете треба да тргне на училиште во април, изјавила дека е зачудена и загрижена што за школски униформи е избрана таква луксузна, брендирана униформа во државно училиште.
Инаку, седиштето на компанијата „Армани“ во Јапонија се наоѓа на само 200 метри од зградата на училиштето.