Почнавте со одвикнување од пелени?

„Пред неколку дена во разговор со медицинска сестра, која проверуваше каков е развојот на мојот двегодишен син Џејмс, таа ме праша дали сме почнале да се одвикнуваме од пелени. Искрено ѝ реков дека не, затоа што тој не е подготвен, а јас сум зафатена со подучување на мојата четиригодишна ќерка и нејзиното одење во тоалет“, раскажува блогерката која е на Фејсбук позната како Mum of the Run.

0
188

Лаура Маца, попозната како блогерката Mum of the Run, сподели на Фејсбук искрен пост со надеж дека ќе ги приближи другите мајки кон проблемот со кој се соочила кога ја прашале за одвикнувањето од пелени.
Триесет и тригодишната Лаура Маца е позната блогерка која искрено и без двоумење ги споделува своето ставови на својот блог Mum of the Run. Овој пат таа го стори истото по завршувањето на разговорот со медицинска сестра која ја советувала да го ‘упати’ своето дете со гестови и со одредени постапки за да се ослободи од пелените што побрзо.
Ви ја пренесуваме нејзината објава во целост.
„Дали започнавте да се одвикнувате од пелени?“
Пред неколку дена, поминав речиси еден час на телефон разговарајќи со медицинска сестра, која проверуваше каков е развојот на двегодишниот Џејмс. Еден час и раскажував дека е мал генијалец. И верувајте ми, јас не сум од оние родители кои ги воздигнуваат без причина своите деца. Тој едноставно прооде побрзо и проговори побрзо од другите деца, отколку неговите браќа и сестри. Ги реди речениците една по друга, учи за емпатија, игра сам, јаде.
Но, тогаш таа ме праша дали сме почнале да се одвикнуваме од пелени.
Искрено реков дека не. Затоа што тој не е подготвен.
Но, медицинската сестра постојано велеше дека треба да го охрабрам да го стори тоа. Читајќи му книги, ставајќи го на нокшир или на шолја … Главно, започна да ги набројува сите начини на кои треба да го принудувам да врши нужда надвор од пеленита.
Постои оваа посебна опсесија да се принудуваат децата да растат, да одат, да разговараат и да одат во тоалет до одредена возраст.
Зошто?
Реков, не, јас сум зафатена и ја учам мојата четиригодишна ќерка за нејзиното одење во тоалет затоа што не дозволив некој да ја „натера“ да се ослободи од пелените прерано, кога и таа не беше подготвена. Така е и со него, тој не е подготвен во моментот, и јас ќе го поддржам да го стори тоа кога ќе биде подготвен.
Ова е причината зошто мајките, особено новопечените мајки, се чувствуваат инфериорно.
Затоа, мајки, ако нешто не ве загрижува во развојот на вашето дете, одете по своето и по темпото на вашето дете. Игнорирајте ги сите коментари што ви ги кажале другите луѓе и другите мајки. Сè ќе дојде во свое време, па и тоа. Не чувствувајте вина. Децата нека бидат деца. И запомнете, вие правите неверојатна работа одгледувајќи ги!“

Во коментарите под објавата, многу мајки оставиле топли коментари и пофални зборови и ја поддржале популарната блогерка! Кој е вашиот став на оваа тема?

Почнавте ли вие со одвикнувањето од пелени?

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]