Потрошила речиси 50 илјади евра и конечно станала мајка на 50 години

Австралијанката Манда Ептон никогаш не ја изгубила надежта дека ќе стане мајка. После два третмани за ин-витро, два спонтани абортуси и 13 третмани за плодност со помош на лекови, и трет абортус, конечно станала мајка на близначки на 50-годишна возраст.

0
1766
Фото: Фејсбук

Австралијанката Манда Ептон потрошила речиси 50 илјади евра на неколку рунди на ИВФ (ин витро оплодување) пред конечно да ги пречека своите близнаци во август 2018 година.

„На 54 години сум помудра и не се занимавам со технологија како повеќето помлади родители овие денови“, вели Манда, која секоја секунда им ја посветува на своите девојчиња, а не на мобилниот телефон.

„Поминувам многу време играјќи си со нив и во паркот“, додава таа.

Сепак, нејзината одлука да стане мајка на подоцнежна возраст се одразило на нејзината бременост.

„Во првите месеци ми беше прилично лошо. Цело време повраќав, но двете мои девојчиња се родени во совршено здравје“, вели таа.

Манда имала 39 години кога почнала да лекува неплодност. Таа излегувала со мажи со надеж дека ќе го запознае вистинскиот со кој ќе основа семејство.

„На крајот ми снема време, па решив да барам донатор на сперма и донатор на јајце клетка и да се подложам на процедура за оплодување со медицински потпомогнато оплодување. Сите пари и заштедата ги потрошив во клиниките за неплодност. Една клиника ме упати на психотерапевт кој ми кажа да се помирам со фактот дека никогаш нема да имам деца“, истакна таа.

Манда направила два третмани за ИВФ, а третиот бил откажан заради хиперстимулација на јајниците, што е прекумерен одговор на хормоните. Забременила два пати, но и двата пати имала спонтан абортус во осмата недела од бременоста. Потоа направила 13 третмани за плодност со помош на лекови и абортирала по трет пат.

„Дел од мене понекогаш сакаше да се откаже, но јас навистина ги сакав моите деца. Размислував дури и за посвојување, но листата на чекање беше седум години, а немажените жени беа на дното на листата“, вели Манда, која патувала во 2017. во Кејп Таун на процедура за пренос на ембриони со двоен донор. Ова резултирало со успешна бременост со близнаци.

„Бев во шок. Се решив за два ембриони за да успеам барем со еден трансфер. Бев загрижена дека повторно ќе абортирам“, вели таа.

Манда е моден дизајнер, поседува своја компанија и сама ги одгледува своите близначки.

„Среќна сум бидејќи можам да поминувам многу време со нив. Тие се најдобрата одлука што сум ја донела”, заклучила таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]