Потресна приказна: Угриз од крлеж можел да биде кобен за петгодишник

Петгодишниот Мејсон МекНеар уживал во посета кај баба му и дедо му во Џорџија кога тие забележале ситен крлеж кој се вчаурил во папокот на детето. Го извадиле и Мејсон се вратил дома и неговите родители не забележале ништо до следниот ден.

0
634

„Неговиот папок бил црвен и изгледал инфицирано“, рекла мајката на Мејсон, Даниел која го однела детето на лекар. Мејсон добил антибиотик, но по 10 дена му се појавил осип. После помалку од 24 часа целиот бил прекриен со црвени дамки.

„Бев надвор од себе кога се разбудив утрото и видов колку му е лошо“, открива мајката. „Бев во паника. Му се јавив на лекарот и му кажав дека мора веднаш да дојдеме кај него“.

Мејсон бил преплашен и збунет кога видел дека кожата му е прекриена со црвени точки.

Даниел вели дека и лекарот бил збунет кога го видел детето и не знаел што му се случува. Претпоставувал дека се дамките последица од антибиотикот и дека осипот би можел да трае до шест недели.

Тоа не ја смирило мајката која почнала да ги истражува симптомите и наскоро открила дека постои болест која ѝ одговара на состојбата на Мејсон, пегавиот тифус наречен Роки Маунтајн.

Тоа е инфекција која се јавува откако бактериите од угризот на крлеж ќе влезат во организмот. Симптоми на болеста се покачена температура, главоболка и осип. Ако не почне да се лекува на време, болеста може да биде и смртоносна.

Image may contain: one or more people, shoes and shorts
Image may contain: one or more people
Image may contain: one or more people

Даниел ги предупредила на ова лекарите кои по испитувањата го дијагностицирале тој тифус.

„Се чувствував како срцето да ми застана, ме стегна во желудникот. Знаев колку е болеста сериозна после сѐ што прочитав и бев преплашена. Може да доведе и до смрт … Тоа е најлошата работа која можете да ја слушнете кога на вашето дете ќе му дијагностицираат некоја болест“, додала Даниел.

Мејсон веднаш почнал со лекување и за три дена дамките почнале да му се повлекуваат. Сега е здрав, но неговата мајка е претпазлива секогаш кога тој си игра на отворено и сака да ги охрабри другите родители секогаш да побараат второ мислење.

„Ако лекарот не слуша, побарајте второ мислење. Станува збор за вашето дете. Не застанувајте се додека не бидете задоволни со здравствената состојба на своето дете“, предупредува таа.

[better-ads type='banner' banner='999' ]