Неодамнешното истражување кое го проучувало одложеното почнување на наставата во една училишна област, го потврдила она што родителите веќе го почувствувале. Децата кои подобро ќе се наспијат, се помалку исцрпени во текот на денот во училиште.
„Студијата е добро осмислена. Тоа е прилично голема студија”, рекол Кристофер Винтер, претседател на Charlottesville Neurology and Sleep Medicine, кој не бил вклучен во студијата.
За студијата, објавена во списанието Sleep, истражувачите побарале од околу 28,000 ученици и родители да пополнат анкети за времето на започнување на училиште и навиките на спиење на детето во текот на денот. Првото истражување било спроведено четири месеци пред училишниот округ Денвер да го промени времето на започнување на часовите. Следната студија била спроведена шест месеци по промената, што им овозможило на постарите ученици да започнат со часовите подоцна. Часовите во средно училиште започнувале околу 70 минути подоцна од вообичаеното, во 08:20 часот. Повисоките одделенија на основното училиште започнуале 40-60 минути подоцна, во 08:50 часот, а часовите во пониските одделенија на основното училиште започнувала 60 минути порано, во 08 часот. Конечната студија била спроведена 18 месеци по прилагодувањата.
И учениците и нивните родители одговарале на прашања во врска со навиките на децата да спијат и да се будат во текот на работните денови и викендите, за тоа колку спиеле за време на викендите и како одмарале во текот на денот.
Децата во пониските одделенија во основното училиште немале многу разлика во времето во кое спиеле пред и по промената на почетокот на часовите во училиште – легнувале и се буделе приближно во исто време. Сепак, тие се чувствувале помалку поспани во текот на денот. Учениците од погорните основни одделенија се буделе многу подоцна и во просек спиеле околу 37 минути подолго, што значително влијаело на нивниот сон. Исто така, им помогнало да изгубат помалку концентрација во текот на денот. Средношколците најмногу спиеле по промената. Тие се буделе 45 минути подоцна отколку во претходниот период и се чувствувале побудни во текот на денот.
Многу експерти веруваат дека започнувањето на училиште подоцна го подобрува сонот на децата, но некои мислат дека децата сè уште нема да спијат доволно без оглед кога ќе започне училиштето, бидејќи на крајот ќе научат да легнуваат подоцна.
Сепак, резултатите од ова истражување го потврдуваат она за што долго време се сомневале родителите и експертите – прераното одење на училиште влијае на сонот и будењето на детето во текот на денот.
„Да го прифатиме фактот дека на децата им треба повеќе сон“, заклучил Винтер.
Фото: Pixabay