Заклучокот од истражувањето објавено во списанието Sleep Medicine е дека децата кои до третата година спијат во бебешко креветче имаат подобри навики на спиење, а и родителите се понаспани.
Во текот на истражувањето биле набљудувани навиките за спиење на децата во Велика Британија, Австралија, Америка, Канада и Нов Зеланд. Се покажало дека ваквото подоцнежно преселување од бебешко кревтче во детски кревет има позитивно влијание на сонот, а може да помигне и во превенцијата на мрзоволното однесување кое е вообичаено за децата на таа возраст кога се уморни.
„Истражувањата спроведени во текот на последната деценија покажуваат дека здравиот сон влијае на животниот век, а посебно е важен во детството“, изјавила авторката на истражувањето Ариел Вилиамсон за Reuters Health.
„За возрасните бебешкото креветче е како кафез, но децата не гледаат така на него. Тие сакаат мали простори во кои се чувствуваат удобно и безбедно, а тоа можете да го видите ако ги набљудувате додека си играат: често се сместуваат под масите или во големи кутии“, објаснила педијатерката Лиза Мелцер.
Ако имате дете помладо од три години кое се качува по оградичката, стручњаците советуваат да набавите бебешко креветче во кое подлогата за спиење може да се намести подолу.
Фото: Pixabay