После царски рез родилките мораат да пазат на ова…

Еден од најубавите моменти во животот на секоја жена е оној кога ќе станат мајки. Заради разни компликации, некои од нив не можат да се породат природно па е неопходен царски рез.

0
1064

Иако денеска медицината напредна и ова повеќе не е толку ризична операција, неопходно е време за опоравување и за зацелување на лузните.

Опоравувањето од царски рез обично трае шест недели во текот на кој жената треба да внимава, односно да избегнува некои работи. Така, новите мајки после царскиот рез не би требало да креваат ништо потешко од бебето, а треба да ги избегнуваат и сите останати физички активности.

Исто така, би требало да ги избегнуваат домашните работи колку е можно подолго за лузната побрзо да зарасне.

Не се препорачува да возат автомобил

Некои движења би биле болни и неколку месеци по породувањето.

Не заборавајте да пиете доволно течности

После царскиот рез многу жени имаат проблеми со столицата затоа што абдоменот е чувствителен и болен. Затоа е важно да пиете доволна количина вода, здраво да се храните и да се движите за цревата да бидат што поактивни. И не се грижете, шевовите нема да ви испукаат.

Избегнувајте да спиете на стомак

Спиењето на стомак може да го продолжи времето на зараснување на лузните со оглед на тоа што е шевот под притисок. И онака најмногу ќе ви одговара да спиете на грб, а некои жени на колк.

Избегнувајте сексуални односи

Во период од шест недели сексот може да биде болен и непријатен, а и на лузните треба да им се даде време за да зараснат.

Избегнувајте користење на скали барем две недели по царскиот рез

Ако вашата спална или собата на бебето се сместени на спрат, преместете се привремено во приземје. Кога ќе почнете да користите скали, одете полека и внимателно.

[better-ads type='banner' banner='999' ]