После развод детето не би требало да одбира страна

Родителите кои им се лутат на своите поранешни партнери, кои преку децата испраќаат непријателски пораки и зборуваат против другиот родител пред детето, предизвикуваат голем стрес и го ставаат детето во позиција на т.н. конфликт на лојалност.

0
343

За добрата слика за себе важен е односот со секој од родителите.

Секој од родителите претставува дел од идентитетот на детето. Родителите се одговорни за квалитетот на односот со децата, а детето има потреба да одржува однос со двајцата родители. Во случај на развод не престанува родителската улога. Во текот на разводот родителите засилено треба да внимаваат на потребите на децата.

Децата имаат силна потреба да се чувствуваат безбедно и да му припаѓаат на семејство.
Разводот на родителите за децата претставува губиток на семејството какво што го имале и им го нарушува чувството на сигурност и припаѓање. Ако родителите пропуштат да ја преземат одговорностаза квалитетот на односите со децата во текот на разводот и после него, одговорноста ќе ја преземат децата. Децата не знаат да излезат на крај со преземената одговорност и таа им претставува товар кој значително влијае на нивното однесување и доживување.

Децата имаат силна потреба нивните родители да се среќни. Ќе се обидат да направат сѐ и двајцата родители да бидат среќни дури и по цена на занемарување на сопствените потреби. Децата имаат развиена емпатија и подеднакво се грижат за двајцата родители. За да го задржат чувството на припаѓање децата ќе соработуваат со родителите занемарувајќи го сопствениот интегритет.

Задржувањето на „добрата слика“ за родителите потребно им е на децата за да ги одржат добрите односи, особено со родителите со кои детето не живее.

Да се избегне вклучувањето на децата во препирките

Има случаи во кои децата се присилени да одбираат страна. Понекогаш детето зазема страна, своеволно, врз основа на сопствена проценка на ситуацијата, а понекогаш поради притисок од страна на едниот или на двајцата родители.

Родителите кои им се лутат на своите поранешни партнери, кои преку децата испраќаат непријателски пораки и зборуваат против другиот родител пред детето, предизвикуваат голем стрес и го ставаат детето во позиција на т.н. конфликт на лојалност.
Истражувањата покажуваат дека децата кои се во конфликт на лојалност се подепресивни и анксиозни во споредба со децата чии родители се во судир, но не ги вклучиле децата во своите кавги.

Повеќето адолесценти чии родители се во судир, колку поголемо чувство на конфликт на лојалност имаат, се подепресивни и нивното однесување повеќе отстапува од вообичаеното. Кога родителите кои се во судир, успеваат да го избегнат вклучувањето на децата во своите кавги, прилагодувањето на нивните деца на разводот не се разликува значително од оние деца кои доаѓаат од семејство со пониска стапка на судири во разводот.

Силна вклученост на двајцата родители

Честопати еден од родителите има поголеми барања и поцврсти граници во однос на детето од другиот родител. Децата се понаклонети да ја искажуваат својата повреденост и лутина кон родителот кој има послаби граници.

Односот ќе се наруши ако родителот не постави јасни граници кои ѝ одговараат на возраста на детето. Во такви ситуации детето ќе ја искористи ситуацијата на разводот за да не ги извршува своите секојдневни задачи, на пример, исполнувањето на училишните обврски.

Детето поуспешно ќе се справува со промените ако родителите успешно се реализираат во своите родителски услоги. Ако родителите покажуваат интерес за детето и неговите активности чувството на припадност може и понатаму да се негува.

Стабилноста на односите помеѓу родителите и децата може да се одржи ако кон проблемите кои ги носи разводот се приоѓа со крајно внимание и грижа. На децата им е потребна вклученост на двајцата родители за да се чувствуваат безбедни и за да можат да имаат детство, а да не бидат оптоварени со проблемите на возрасните.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]