Одејќи по плажата, една жена од Флорида фотографирала мајка птица како хо храни своето пиле со отпушоци од цигари.
Откако ја објавила на Фејсбук, фотографијата е преобјавена од страна на медиумите ширум светот, а птицата бебе брзо станува „постерско дете за промени“.
Црниот скејмер (вид на морска птица) најверојатно се збуни и отпушокот го замени за мала риба, вели фотографот Карен Catbird Мејсон, која обично ги фотографира птиците што ги хранат своите бебиња.
Птиците се хранат такашто се лизгаат по водата со своите клунови отворени, објаснува таа. „Тие не гледаат што добиваат. Овој родител сигурно го собрал отпушокот во плитката вода“, напишала таа.
Отпушоците од цигари беа најчестиот вид ѓубре собрано од плажи ширум светот, според неодамнешниот извештај на Океанската конзервација.
Постои вообичаено заблуда дека отпушоците од цигари се безопасни, биоразградливи делови од хартија, а филтрите се всушност направени од еден вид на пластика наречена целулоза ацетат, која никогаш не се разградува целосно.
„Белите влакна што ги гледате во филтерот за цигари НЕ се памук, туку пластика што може да опстане во околината толку долго колку и другите форми на пластика”, велат истражувачите на универзитетот Лонгвуд во Вирџинија.
Околу две третини од 5 трилиони цигари произведени секоја година се неправилно отстранувани, според проектот за загадување од цигари (Cigarette Butt Pollution Project).
Во прилог на пластичното загадување, филтрите додаваат стотици токсични хемикалии во водите.
Едноставно решение за пушачите е да си носат мали метални кутии во нивните џебови или во чантите за да ги зачуваат отпушоците додека не бидат во можност правилно да ги отстранат.
Фото: Фејсбук