Родителите на главниот лик на популарниот детски цртан филм My Little Pony, понито Scootaloo, никогаш досега не се појавиле па креаторите на цртаниот одлучиле нивната улога да ја преземат две тетки. Во епизодата со наслов The Last Crusade се појавуваат поните тета Холидеј и тета Лофи.
Продуцентот на анимираниот филм Мајкл Вогел го најавил ова уште пред две години со објава на Твитер, во која напишал: „Колку слатка двојка!“.
My Little Pony e цртан за пријателството и за прифаќањето на луѓето кои се поинакви од тебе. Затоа ова се чинеше како нешто важно што требаше да го направиме“, изјавил Вогел.
Овие ликови се појавиле претходно во книгата Ponyville Mysteries: Riddle of Rusty Horseshoe.
Креаторите на цртаниот филм сметаат дека прифаќањето на различностите за децата е важно поради повеќе причини.
„Веруваме дека е важно да се претстави широка лепеза на возрасни во животот на децата кои секојдневно гледаат цртани“, навеле тие во соопштението за списанието People.
Ова не е првпат истополова двојка да се појави во детски цртан. Претходно тоа го воочиле гледачите на Докторката Плишко и Артур.
Иако ваквите потези предизвикуваат лавина од реакции, како позитивни, така и негативни, те сметаат дека е важно децата да се научат дека семејството постои во различни облици и форми.
Фото: Твитер