Помогнете им на тинејџерите да се справат со анксиозноста поради коронавирусот

Возрасните можат да помогнат такашто ќе се погрижат тинејџерите ниту ја преценуваат, ниту ја потценуваат својата способност да се заштитат од коронавирусот.

0
282

Луѓето од различни возрасти се загрижени за ширењето на коронавирусот, а тинејџерите, генерално, често сите емоции ги доживуваат уште поинтензивно.

Ако одгледувате, подучувате или од која било друга причина, водите сметка за тинејџер кој е нервозен поради сè што се случува, еве пет работи што можете да ги направите.

Нормализирајте ја анксиозноста

Анксиозноста може да биде здрава. Но, не сите адолесценти, па дури и возрасните, не знаат дека ова е инаку корисна и заштитна емоција. Според тоа, тинејџерите понекогаш стравуваат дека нивното зголемено чувство на вистинско анксиозно нарушување. Тие почнуваат да се грижат поради тоа што се загрижени.

Возрасните можат да им помогнат на младите луѓе да разберат дека здравата вознемиреност има цел: нè предупредува на потенцијални опасности и ни помага да најдеме безбедност.

Можете мирно да им кажете: „Нормално е дека си сега малку анксиозен. Тоа е реална реакција на сите овие вести за појавата и ширењето на коронавирусот“.

Оттука, можеме да ги поттикнеме тинејџерите да ја канализираат својата непријатност во корисни активности, како што се проучување и следење на препорачаните здравствени упатства.

Понудете им перспектива

Психолозите сметаат дека анксиозноста е нездрава само кога се јавува без причина – кога нема причина да се грижите – или кога ќе достигне височини кои се целосно непропорционални со сериозноста на заканата, како на пример кога тинејџер добива напад на паника заради некој помал тест што му треба да го направи Можеме да им помогнеме да не се грижат премногу за коронавирусот такашто ќе се потрудиме и да не ја потценуваат, ниту да ја преценуваат нивната способност да се заштитат од тие опасности.

За таа цел, можеме да им кажеме дека повеќето пациенти имаат поблаги симптоми и да ги упатиме на сите оние начини на кои можат да се заштитат себеси: често миење на рацете, останување дома, држење оддалеченост од другите, редовно спиење, здрава исхрана …

Променете го фокусот

Истражувањата покажуваат дека во овие тешки времиња тинејџерите, како и возрасните, се чувствуваат подобро ако го насочат своето внимание кон поддршката на другите.

По поплавата што уништи мал град во јужна Полска во 2006 година, една студија покажа дека оние тинејџери кои им помогнале на жртвите од поплавата, подоцна покажале најголемо ниво на самодоверба во соочувањето со предизвиците во сопствениот живот.

Знаејќи го ова, можеме да ги потсетиме тинејџерите да ги мијат рацете и да се придржуваат кон други здравствени препораки, не само за да се заштитат себеси, туку и да помогнат во намалување на притисокот на локалниот здравствен систем. Ние, исто така, можеме да им покажеме со сопствен пример дека останувањето дома и  избегнувањето на социјализација помага во намалување на шансите за пренесување на заразата. Ако купувате резерви поради изолација, искористете го ова да разговарате со вашите деца за предизвиците со кои се соочуваат луѓето кои се во неповолна финансиска положба и размислете за тоа да донирате некои намирници.

Поттикнувајте дистракции

Кога се фокусираме на опасностите, добиваме чувство на вознемиреност и кога вниманието го насочуваме кон нешто друго, тоа се намалува. Во овој поглед, можеби е тешко за некои тинејџери да не бидат опседнати со коронавирусот, особено затоа што сите медиуми упорно известуваат само за тоа, а изолацијата остава многу време за размислување и предвидување.

Исто така, континуираната достапност на свежи информации за коронавирус може да ги поттикне тинејџерите (но исто така и возрасните) компулсивно да ги проверуваат вестите. Меѓутоа, ова нема да помогне на емотивната и психолошка состојба на овие лица. Истражувањата покажуваат дека јасните информации за потенцијалните опасности им помагаат на луѓето да се чувствуваат подобро; меѓутоа, нејасните информации не ја намалуваат вознемиреноста или нагонот да се побара некое засолниште, било физичко или емотивно. Потсетете ги да не веруваат во гласините и несигурните извори на информации.

Охрабрете ги вашите тинејџери да направат пауза од потрагата по нови информации и да го свртат вниманието кон нешто друго. Наместо тоа, тие можат да работат домашни задачи, да играат игри, да читаат книги, да се посветат на саканото хоби или да научат за нешто ново што отсекогаш ги интересирало.

Справете се со сопствената  вознемиреност

Вознемирените родители имаат поголема веројатност да имаат анксиозни тинејџери. Постојат бројни објаснувања за овој резултат на истражувањето, но неспорно е дека младите ги користат возрасните како пример и индикатор за тоа колку треба да бидат нервозни или опуштени при средбата со нешто ново.

Без разлика дали тоа го сакаат или не, родителите понекогаш им ги пренесуваат своите стравови на децата.

Тинејџерите можат да почувствуваат кога возрасните околу нив велат една работа, а чувствуваат нешто сосема друго. Значи, тоа што ги тешите и смирувате со зборови нема да даде плод ако сте самите прилично вознемирени. Исцрпувањето предизвикано од загриженост и вознемиреност, исто така, нè спречува да ги смириме тинејџерите кои се загрижени и анксиозни. Затоа е важно возрасните прво да ја смират сопствената напнатост.

Да се даде пример за смиреност и сталоженост е најдобриот начин да ги задржиме тинејџерите што е можно повеќе од анксиозноста додека сите заедно се движиме низ овој несигурен и застрашувачки период.

Фото: Pexels

[better-ads type='banner' banner='999' ]