Помалку е повеќе – правило кое важи и за децата и играчките

Едно истражување спроведено минатата година покажало дека децата се посреќни кога имаат помалку играчки. Дознајте зошто!

0
121

Според истражувањето кое било спроведено минатата година, а беше објавено во списанието Infant Behavior and Development, повеќе не треба да се чувствувате виновни ако се ослободувате од детските играчки со текот на времето. Истражувачите откриле дека децата се посреќни кога имаат помалку играчки. Така е потврдено дека дека на децата не им требаат безброј играчки за да бидат среќни. Повеќе не е секогаш подобро, без оглед на тоа што ни го наметнува културата.

Истражувачите проучувале деца на возраст помеѓу 18 и 30 месеци и на една група ѝ дале четири играчки, а на другата 16. Децата со помалку играчки повеќе учествувале во играта и подолго време поминувале во играње. Исто така, тие на повеќе начини си играле со играчките од децата кои имале поголем избор на играчки.

Според резултатите на истражувањето, „подлабоко проучување на помал број на играчки водело кон зголемена креативност во играта“, што пак ја поттикнало координацијата на фината моторика и развојот на когнитивните вештини.

Од друга страна пак, големиот број на играчки предизвикал попречување и постојано прекинување на играта.

Иако многу родители веројатно се чувствуваат засрамено зашто имаат премногу играчки низ целиот дом, не мораат, затоа што според едно истражување – просечно домаќинство содржи дури околу 139 играчки, а бројката знае да се качува и до 250. Но, пред да потрчате да се ослободите од купот играчки, имајте на ум дека не е толку лошо тоа што вашето дете има повеќе од 4 играчки, она што е важно е да не им ги давате сите играчи што ги имаат наеднаш. Повременото менување на играчките е најдобар начин за запознавање на децата со нови начини на игра без страв дека ќе се заситат, а со тоа и најдобро ќе ги искористите подароците што детето ги добива од семејството и од пријателите. Во секој случај, заклучокот е дека на детето не му требаат многу играчки за да биде среќно или за да го развие својот полн потенцијал.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]