Резултатите од истражувањето кое е спроведено на Универзитетот во Оукленд покажале дека жените кои спијат на грб имаат поголем ризик да го загубат детето, а тие ризици се најголеми после 28.недела од бременоста. Авторката на истражувањето Лесли МекКован рекла дека едноставната метода на спиење на колк го намалува ризикот од губење на бебето на породувањето за околу 9 отсто.
„Кога лежите на грб во доцната бременост, тежината на матката ја компримира големата вена во стомакот попозната како долна шуплива вена, која ја намалува крвта која се враќа во срцето и го намалува протокот на крв во матката“. Професорката МекКОван тврди дека спиењето на една и вртењето на другата страна во текот на сонот е едноставен начин трудниците да го намалат овој ризик.
Во истражувањето учествувале 569 жени кои биле бремени и родиле живо дете и 164 жени кои родиле мртвороденче во или после 28.недела од бременоста. Авторите на истражувањето истакнуваат дека со ова би можеле да спасат 15 бебиња годишно. „Било какво истражување кое може да спречи барем едно семејство да не поминува низ она низ што поминале многу семејства, е вредно истражување“, рекла професорката.
Препораки од истражувањето:
Дали е подобро да се заспива лежејќи на левиот или на десниот колк? МНогу стручњаци веќе потврдиле дека спиењето на левиот колк е најдобро.
Што да направам ако се разбудам на грб среде ноќ? Не се грижете, ова е нормално. Само сместете се повторно на својот колк.
Зошто е страната на која ќе заспијам поважна од онаа на која ќе се разбудам? Положбата во која заспивате е онаа во која сте најдолго и во најдлабок сон и затоа има поголемо влијание врз бебето.
Што можам да направам за да ја зголемам шансата да останам на колк во текот на ноќта? Перница зад вашиот грб може многу да ви помогне.
Што е со спиењето преку ден? Многу трудници преспиваат и преку ден. За попладневното спиење важат истите правила.