Подарокот не мора да е скап за детето да му се радува

Многумина се во недоумица кога треба да купат подарок за бебе од една година. Еве што најмногу сакаат бебињата на оваа возраст, а не е воопшто скапо.

0
171
moise gh-marian from Pixabay"/>

Често сме во недоумица околу купувањето подароци, а најмногу не „мачи“ кога станува збор за деца кои често ги менуваат своите интереси, во согласност со развојот. Најтешко им е на оние кои сė уште не станале родители.

Во суштина, најлесно е да се купи гардероба, затоа што тука не можете да згрешите, но тоа е повеќе подарок за родителите отколку за детето. Затоа, ако сакате да го израдувате детето, а подарокот да не е премногу скап, еве неколку играчки кои сигурно ќе го воодушеват детето на оваа возраст.

1. Меки коцки со кутија која има отвор

Меките коцки со кутија која има отвор ќе го привлекуваат детето одново и одново. Децата од 12 месеци па натаму ги откриваат формите, сакаат предметот кој е пред нив да исчезне па повторно да го бараат. Вакви играчки има во продавниците и кај нас.

2. Книга со тврди листови, со животни

Детето ќе ужива кога ќе го впери прстот кон животното во книгата, а вие ќе го одглумите звукот кој обично го прави посоченото животно. Ова е и одлична игра која вас ќе ве зближи со детето, а детето со книгата.

3. Играчки на навивање
Играчките кои се навиваат, а потоа „летаат“ по подот, се вистински извор на забава!

4. Балони

Верувале или не, но десетина балони не се воопшто лоша идеја за подарок. Кога ќе ги надуете, детето ќе си игра со нив, со гаранција.


5.
Сет за правење балони од сапуница

Какво воодушевување. Овој подарок е неисцрпен извор на забава, дури и за оние поголемите, па ако во куќата има уште деца, задолжително купете некое кутиче плус за да не дојде до тепачка. Дефинитивно, тоа е најефитиниот подарок што можете да го замислите, но истовремено и најзабавен за децата.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]