Повеќе од 60 отсто од децата имаат пореметување на говорот

Се повеќе деца зборуваат на мешавина од македонски и англиски јазик, а поголемиот дел од нив имаат нарушувања на говорот, осум пати повеќе од пред 50 години, кога таблетите и паметните телефони не беа достапни

0
164

Повеќе од 60 проценти од децата имаат говорно нарушување, прозборуваат се подоцна и подоцна и се повеќе од нив зборуваат на мешавина од српски и англиски јазик во соседна Србија, а состојбата не е поинаква ниту кај нас. Тука се почесто децата зборуваат на мешавина од македонски и англиски јазик.

Говорните нарушувања кај децата се сега осум пати почести во споредба со периодот од пред 50 години, кога таблетите и паметните телефони не беа достапни. Се разбира, проблемот е данок од прекумерната употреба на технологии – телевизии, таблети, телефони.

„Ниту еден родител искрено нема да ви каже колку време троши неговото дете на таблетот, затоа што се срамат“, вели претседателката на здружението на логопеди во Србија, Наташа Лабовиќ за српската ТВ Прва.

„Ако детето го користи телефонот три или четири часа, родителот ќе каже два. Родителите се премногу уморни, работат две работи, стресот ги стасува, а екраните мора да се дозираат, посочува Лабовиќ и додава дека на дете од 2-3 години не треба да му се дава таблет или телефон.

„Екранот се дозира – не повеќе од еден час на ден. И на мало дете од две или три години воопшто не треба да им се даваат екрани. Ова е најлесната опција за смирување на детето. Кога дете до две години не кажало збор со значење, тогаш тоа значи дека има проблем.

Ако детето не прозборело, иако се развива добро, многу е важно да не чекате, туку да дојдете порано. Ако видите дека детето отскокнува од врсниците, што е проблемот со доаѓањето на логопед за совет? Нашите родители не разговараа со нас повеќе од денешните родители со своите деца, напротив. Проблемот е презаштитувањето. Скоро сите деца кои дојдоа кај мене со проблем во развојот на говорот се презаштитени, нивните родители не им дозволуваат да се осамостојат“, рекла Лабовиќ.

Текстот е од ТУКА.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]