Еве ги најчестите заблуди во врска со добивањето воспаление на белите дробови кај децата.
Детето се препоти – ќе го фати промаја, ќе добие пневмонија.
Во нашата нација, па и пошироко, на Балканот, се чини дека постои колективен страв од промаја, како најчеста причина за сите заразни болести на респираторните органи, но и ревматски и други болести.
Детето не може да добие пневмонија бидејќи се поти! Се разбира, не треба да дозволите испотеното дете да биде изложено на студ, но тоа не треба да се оправдува со ризикот од пневмонија. Детето кое е испотено дефинитивно треба добро да се „исуши“ и да се загрее пред да излезе на ладно. Инаку, ризикот од инфекција на горниот респираторен тракт навистина се зголемува. Но, не треба веднаш да се плашите од пневмонија. Ова речиси никогаш не е случај со здрави деца (имунокомпетентни – како што сакаат да кажат докторите).
Пие ладна вода после тренинг – сигурно ќе се разболи, а можеби и ќе добие пневмонија.
Тотална заблуда!
Детето треба да пие вода за време и после физички напор. Студената вода поминува побрзо низ стомакот во цревата, а оттаму во крвта, па затоа е погодна за надополнување на течностите кај спортистите. Се разбира, не зборуваме за ледена (речиси замрзната) вода, туку за „нормално“ разладени пијалаци. Тие не доведуваат до пневмонија, а децата кои после ладна вода редовно добиваат болки во грлото – треба да ги испита специјалист за уво, грло и нос.
Помладиот брат (пет години) доби вирусна пневмонија, сигурно ќе се разболи и постариот брат – кој има единаесет години.
Не мора да е така!
Пневмонијата е почеста кај помалите деца, бидејќи тие се почувствителни – заради неразвиениот имунолошки (одбранбен) систем. Ако детето од предучилишна возраст има „закачено“ пневмонија, тоа не мора да значи дека постарото дете во семејството ќе се разболи – има мали шанси тоа да се случи! 11-годишно дете има имунитет на возрасен-што, се разбира, не значи дека не може да се разболи, но шансите тоа да се случи се навистина мали, особено кога станува збор за пневмонија предизвикана од вируси. Ваквата пневмонија најчесто се јавува како вид реакција (или нереакција) на организмот на вирусот, а тоа е карактеристично за помалите деца, како и за децата чиј имунитет е оштетен од долгорочна болест.
Наоблечи го добро пред да излезе на снег – за да не добие пневмонија.
Премногу облекување како превенција од пневмонија нема врска едно со друго!
Детето не треба да се презатоплува со многу облека, исто како што не треба да се облекува премногу лесно во зима. Треба да биде облечен така што ќе му биде удобно – и тоа, практично, значи дека го облекуваме исто како што се облекуваме и самите, кога ни е пријатно. Ако е детето „натрунтано“ ќе се испоти побрзо, па ќе му биде непријатно надвор, но истото ќе го почувствува и ако влезе да се загрее некаде, пред повторно да излезе надвор.
Детето има напад на астма. Зима е, ќе добие пневмонија. Треба веднаш да му се даде антибиотик за да се заштити.
Сосема погрешно!
Астмата и пневмонијата се две сосема различни болести! Астмата е стеснување (спазам) на малите и средните дишни патишта, што е многу различно од пневмонијата. Давањето антибиотик на дете кое има напад на астма е сосема погрешно – нападот на астма не се третира со антибиотици!
Се покажало дека децата кои имаат астма – не се изложени на зголемен ризик да добијат пневмонија! Спротивното е точно: детето со астма има помала веројатност да развие пневмонија! Затоа е бесмислено и погрешно да се „покрие“ дете кое има напад на астма со антибиотици!
Фото: Freepik