Писмо за личноста во која ќе се вљуби мојот син

Личноста која го сака мојот син, ќе разбере што има зад тие разиграни очи како неговите. Таа личност ќе знае дека тој ја заслужува сета можна љубов и ќе почувствува како изгледа кога некој вистински те сака, затоа што тој умее да сака и умее да го покажува тоа на начин кој ве прави да се чувствувате посебен. Тоа е една од работите на кој сум особено горда.

0
891

(За некои од вас, ова е можеби веќе сегашност, но во секој случај ова писмо е нешто што сигурно секоја мајка би го напишала, порано или подоцна, сеедно)

Не сум сигурна кога точно ќе ти го дадам ова писмо.

Можеби за неколку децении на денот кога ќе се омажиш за мојот син. Или можеби тоа ќе биде само некој случаен ден кој ќе изгледа добар за ова. Но кога и да ти го дадам ова писмо, се надевам дека ќе бидам жива и доволно добро за да ти покажам колку сум среќна што те познавам.

Токму сега се чувствувам малку глупаво додека го пишувам ова писмо. Мојот син, моето мало дете, е горе, пикнато во креветот кој се чини дека е џиновски во споредба со него, и ме потсетува колку е малечок. Тој е изгубен во море од ќебиња што со љубов ги обвиткав околу него, пред да му ја тргнам косата од челото, за да го бакнам за добра ноќ и да седнам да ти го напишам ова писмо.

Слушав доволно приказни за да тоа моето дете ќе порасне побрзо отколку што сум подготвена. Неговите нозе наскоро ќе висат преку работ на тој кревет, а пред да се освестам, тој ќе спие на нов кревет, во друг дом, далеку од мене.

И некаде попат ќе те најде тебе. И сè ќе се промени.

Во моментов тој ме избира мене. Ме избира да си играме со тркачки автомобили и да му читам приказни. Тој ги сака моите ручеци повеќе од оние што ги прават во неговата градинка. Тој сака да бидам последен што ќе го бакне пред спиење.

Но, еден ден, тој ќе те избере тебе. Ќе сака да ги поминува своите денови со тебе, да оди во авантури со тебе, да готви за тебе.

Сега неговите очи светнуваат со радост кога ме гледа. Погледот на неговото лице кога ќе ме здогледа како го чекам пред градинката никогаш нема да го заборавам.

Но, еден ден, тие очи ќе светнат кога ќе те види тебе. Тој ќе ги проучува твоите раце, ќе мисли на твоето лице и ќе има слики од тебе во својата канцеларија, во своето ателје (или, во неговиот „супер страшен пикап-камион-багер во тунел“, кадешто во моментов планира да работи).

Токму сега јас сум негов херој. Од мене бара помош. Од мене бара да престане да врне. Залепен е за мене кога е болен.

Но, еден ден, ти ќе бидеш неговиот херој. Тој ќе постави прашање, ти и јас ќе му дадеме поинаков одговор, и тој ќе го послуша твојот. Ќе му помогнеш да го открие светот, ќе бидеш тој што ќе го натера да се чувствува подобро кога е тажен или болен.

Токму сега го учам како да биде љубезен. Неговиот татко и јас го поучуваме како да ги почитува другите и да се почитуваме меѓусебе. Како да сака, како да слуша, како да помогне и како да побара помош кога му е потребно.

И еден ден, се надевам дека тој ќе те опсипе со таа почит и љубезност, со таа негова огромна љубов.

Токму сега можам да планирам роденденски забави и да му ги направам празниците волшебни.

Еден ден, ти ќе го потсетиш да ми се јави за мојот роденден.

Токму сега, тој е дома со мене.

Но, еден ден, тој ќе биде дома секаде каде што е со тебе.

И сето ова е во ред. Всушност, тоа е прекрасно.

Чест ми е да му бидам мајка на ова мало момче, за да го водам додека тој прераснува во личноста со која ќе се заљубите. И ќе ми биде чест да те запознаам.

Се надевам дека светот ќе биде подобро место кога ќе те најде, и иако таква изјава изгледа сосема непотребна – но за секој случај, сакам да знаеш дека ако со него се однесуваш добро и ако го правиш среќен, ќе те сакам без оглед на твојот пол, раса, етничка припадност или религија, исто како што го сакам и моето дете.

Ветувам дека ќе се обидам да најдам рамнотежа меѓу тоа да бидам присутна и корисна во вашиот живот токму толку колку што треба, без пречекорување на моите граници. Нема да правам ненадејни посети, се колнам.

Ветувам дека ќе се обидам да не ви давам совети освен ако не ми ги побарате.

И за тебе, личноста во која ќе се вљуби мојот син, ветувам дека и јас ќе се вљубам во тебе. Бидејќи личноста која го сака мојот син, ќе разбере што има зад тие разиграни очи како неговите. Ќе се смее на неговите шеги како што го правам тоа и јас. Ќе знае дека тој ја заслужува сета можна љубов и ќе почувствува како изгледа кога некој вистински те сака, затоа што тој умее да сака и умее да го покажува тоа на начин кој ве прави да се чувствувате посебен. Тоа е една од работите на кои сум особено горда.

И како можам да не ја сакам личноста што го сака моето дете?

Токму сега, додека го имам со мене, пред тој да стане твој, јас ќе уживам во секој момент, секој бакнеж и секоја прегратка.

И еден ден, кога ќе го сакаш и кога тој ќе те сака, јас ќе бидам горда. Горда на личноста што ја има, горда на личноста со која избрал да ги помине своите денови и горда, толку горда, што сум негова мајка.

Со љубов,

Јас

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]