Писмо до родителите чии деца се забавуваат на таблети и мобилни во рестораните

„Ве молам, обидете се да ѝ дадете шанса на вечерта без технологија. Можеби ќе ви треба некое време сите да се навикнете, но сигурна сум дека и вие и децата ќе бидете посреќни што сте ги тргнале овие уреди од маса. Дените на родителството се долги, но на крајоит – годините се кратки“

0
191

Откако поминала вечер во ресторан покрај родители чии деца биле постојано со таблет во раце, мајката на три деца. Еми Фримен, во својата колумна на порталот CafeMom напишала отворено писмо до родителите и навела пет причини поради кои во такви моменти оставањето на електронските уреди дома е добра идеја.

  1. На вашите деца им треба вашето внимание

Замислете го своето дете на игралиште. Колку пати викнало по вас: „Мамо, види што правам!“ или „Тато, ме гледаш?“

Секако, го прифаќаат одвлекувањето на вниманието со таблет или со мобилен, но вие им значите многу повеќе отколку победата во таа игра што ја играат таму.

  1. Ќе го изгубите нивното внимание

За само неколку кратки години, тие ќе го изгубат вниманието со вас и ќе го преусмерат своето внимание кон врсниците. Постојано ќе менуваат расположенија, ќе бидат непристојни и се друго поради кое ќе се запрашате дали некогаш сте поминале убава вечер во ресторан.

  1. Ќе потфрлите во тоа да ги научите на уметноста на разговорот

Разговорите со децата не се нужно интересен и понекогаш вашиот „разговор“ е само уште еден круг од едни те исти прашања и одговори. Но поентата е да се негуваат взаемните постапки, да се учи да се слуша и да се споделува. Ако колективно истраете во тоа, тие неодоливи разговори со време ќе се појават.

  1. Поставувате ужасни примери

Ако го поттикнувате детето да ве исклучува сега, не очекувајте од него да го сменат тоа во текот на подоцнежните тинејџерски години, па дури и во периодот кога ќе станат возрасни луѓе. Она најлошото, го воспитувате детето со вашиот пример.

  1. Здодевни сте им на другите

И јас сум излезена и не сакам да ги слушам елетронските звуци од мобилните и од таблетите на вашите деца како заднинска музика.

Накусо, обидете се да ѝ дадете шанса на вечерата без технологија. Можеби ќе ви треба некое време за да се навикнете сите, но сигурна сум дека и вие и вашите деца ќе бидат посреќни што сте ги тргнале тие апарати од масата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]