Една од последиците е децата подобро да се прилагодат кон разводот и двајцата родители да продолжат да имаат близок однос, полн со љубов, со своето дете. Затоа, мисла водилка во уредувањето на односите по разводот нека ви биде доброто на детето.
Позитивни страни
Разводот на бракот може да биде емоционално и психолошки разорен настан за децата и за нивните родители. Чести се чувствата на бес и предавство, можеби заради неверство или малтретирање, или некои посуптилни изневерувања на очекувањата за долга и стабилна животна врска. Покрај оваа бура на чувства може да се чини како невозможно да се комуницира и да се договараат родителските обврски со другиот родител.
Меѓутоа, успешното делење на родителските обврски после разводот е исклучително важно и вредно за трудот вложен во него. Една од последиците е децата подобро да се прилагодат кон разводот и двајцата родители да продолжат да имаат близок однос, полн со љубов, со своето дете. Според најновите истражувања, ова е случај дури и ако родителите се во многу лоши односи.
Еве уште некои од предностите кои ги носи со себе заедничкото родителство:
1. Кородителството го зголемува чувството на безбедност и го намалува стресот кај децата
Кога родителите соработуваат и моделираат пригодни начини за разрешување на судирите, тоа влијае на чувството на стабилност и опуштеност кај децата. Тие не се чувствуваат растргнати помеѓу родителите и увидуваат дека и натаму можат да бидат блиски со двајцата родители. Малите деца често мислат дека разводот е нивна вина. Кога ќе видат и ќе почувствуваат љубов, почит и безбедност, полесно ќе можат да се привикнат на новиот начин на живот и тоа ќе им помогне да научат вештини кои ќе им помогнат кога ќе бидат возрасни.
2. Родителите се модели за вештините и способностите за решавање на судирите со почит
На децата им се дава увид во здрави модели на решавање на проблемите кога ги гледат своите родители кои соработуваат.
3. Кородителството ја зголемува верјатноста дека во животот на детето ќе останат активни двајцата родители
Помалку судири и користење на вештината на комуникација влијае на тоа да има помалку проблеми во односот на децата со родителите. Кога родителите на детето, поранешните партнери, ќе најдат заеднички јазик во темите кои се однесуваат на децата, почесто и двајцата остануваат вклучени во животот на детето и ја делат грижата околу него.
4. Кородителството ја подобрува комуникцијата и односот помеѓу родителите
Стручњаците за тинејџери се согласуваат дека квалитетниот однос и комуникацијта помеѓу родители директно влијае на намалување на ризикот од консумирање дрога и алкохол во адолесценцијата и поттикнуваат одговорно сексулано однесување.
5. Кородителството ги намалува судирите помеѓу родителите
Едвард Крук за Psychology Today online рекол: „Судирот помеѓу родителите со време се зглемува во случаите кога старателството над децата го има едниот родител, а се намалува со време во случај на заедничко старателство, односно, кога ниту на едниот родител не му се заканува можност од губење на детето, судирите се намалуваат.
Листата од предности е навистина голема и важно е бившите сопружници, кои станал странциили се оддалечиле, да најдат мотивација да го средат заедничкото родителство на тој начин што успешно ќе ја споделат грижата за детето и детето же има можност да расте со присутност на двајцата родители во неговиот живот.
Фото: Pixabey