Пет најчести митови за доењето

Сигурно сте чуле многу совети за тоа што им е на мајките што дојат дозволено, а што им е збарането. Дознајте кои од овие совети се вистини, а кои се само митови.

0
350

Ако го доите бебето, сигурно досега сте се наслушале многу совети за тоа што им е дозволено на мајките што дојат, а што е забрането или барем – непрепорачливо да прават. Но не значи дека сите овие совети се точни. Многу од нив се само митови кои се пренесуваат од генерација на генерација.

Мит: Престанете да користите дезодоранс
Вистина: Како што наведуваат лекарите, сѐ уште не е најден конкретен доказ за штетноста на дезодорансите за новороденчето. Многумина сметаат дека алуминиумот е единствената состојка која би можела да биде ризична, но вистината е дека таа супстанција се наоѓа секаде околу нас – почнувајќи од храната до кремата за тело. Меѓутоа, би требало да се обрне внимание на самиот мирис на производот што го користите, со оглед на тоа што кај бебињата сетилот за мирис е исклучително остро. Затоа, одберете некој подискретен или природен дезодоранс без мирис.

Мит: Не би требало да користите лекови против болки
Вистина: Нема потреба да страдате. Според истражувањето кое го спровел Американскиот оддел за педијатрија, генерално е во ред да се консумираат лекови против болки, под услов да постои основно ниво на претпазливост – нивните супстанции имаат потенцијална можност за намалување на самата продукција на мајчиното млеко. Во секој случај, би ви советувале пред консумација на било кој вид на лекови да се посоветувате со својот лекар.

Мит: Не смеете да пиете кафе
Вистина: Многубројни студии покажале дека пиењето кафе во текот на доењето е безбедно, со оглед на тоа што преку мајчиното млеко се пренесува исклучително низок процент од она што се внесува во организмот. Меѓутоа, би требало да внимавате да пиете најмногу три кафиња дневно.

Мит: Би требало да ослабнете откако бебето ќе се роди
Вистина: Самиот процес на доење дневно може да потроши дури 500 калории од вашиот организам. Дури и кога би сакале да се вратите во форма, потрудете се секојдневно да внесувате околу 1800 калории преку добро избалансирани оброци, а кои содржат здрави масти (авокадо, јаткасти плодови, зеленчук, мешунки… ). Лекарите препорачуваат дека е најдобро да се почне со диета 2 месеци после породувањето, за да се стабилизира претходно протокот на млеко, како и вашето тело.

Мит: Забрането е консумирање на алкохол
Вистина: Можеби ќе ви недостасува по малку алкохол после самата бременост, но и мала количина би можела да се пренесе во мајчиното млеко. На тој налин би се сменил неговиот вкус што никако не е добро за развојот на бебето. Меѓутоа, како што наведуваат американските истражувања, никогаш не може со сигурност да се знае дали и која количина алкохол всушност се пренесува во текот на доењето, но се советува да не се изложувате на овој потенцијален ризик.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]