Според насоките, децата би требало да изедат барем пет видови зеленчук во денот, а на некои не и успева да изедат ниту само еден. Затоа авторката на книгата The Long Life Plan Феј Џејмс открила пет совети со кои вашето дете би можело да почне да јаде зеленчук.
- Подметнете им го
„Децата сакаат колачи како браунис. Во нив може да се додаде сладок компир, авокадо или цвекло. Иако авокадото е технички овошје, тоа е полно со нутриенти“, вели Феј.
„Слаткиот компир ќе му даде на колачето благост, а колачето ќе има покремава текстура, а кога ги правам со цвекло, се исклучитечно сочни и децата немаат поим што се наоѓа во нив“, додава.
- Додадете го во смути
„На смути од целер и спанаќ, додадете му зелено јаболко, банана, јогурт и мед. Детето нема да ја забележи разликата“, советува Феј.
- Позанимавајте се со декорирање
„Децата сакаат фингерфуд. Постојат бројни примери за шарени и интересни порции кои ќе им бидат интересни на децата и можеби полесно ќе изедат сѐ што се наоѓа на нив“, смета оваа советничка за здравје.
- Прво сервирајте зеленчук
Пред вечера, децата се многу гладни, па затоа пред јагленохидратите и протеините сервирајте им зеленчук.
„Дури и ако одбиваат, обидете се да ги натерате да го изедат зеленчукот, а дури потоа изнесете го остатокот од вечерата. Децата ќе изедат сѐ кога се гладни“, порачува Феј.
- Вклопете го зеленчукот во појадокот
Јајцата или мафините одлично одат со зеленчук како што се тиквиците и морковите.
„На децата им подготвувам безглутенски леб кој содржи барем два вида зеленчук. Ако децата го почнат денот со зеленчук, поголема е веројатноста дека ќе се храни поздраво и во остатокот од денот“, заклучува таа.
Фото: Pexels