Пет детски маани кои би требало да ги поттикнуваме

Некои однесувања кај децата ве доведуваат до работ? Нo токму некои од нив е подобро да не ги спречувате, напротив, гледајте на тоа како влог за подобра иднина...

0
506

Тврдоглавоста на вашето дете значи дека во семејството ќе имате повеќе судири, нетрпеливост и немир, а утре успешен и задоволен човек. Таквото однесување на нашите деца со кое денеска се мачиме и се бориме, подоцна во животот веројатно ќе ни биде од голема корист.

Затоа издржете, разговарајте и имајте трпение. И секако, колку и да звучи тешко и неверојатно, негувајте ги тие особини. Тоа се следниве:

Детето има цврст став и е тврдоглаво, значи…

Еден ден ќе има силна волја и став да спроведе сè што сака.

Детето е исклучително љубопитно и поради тоа запаѓа во разни ситуации, значи…

Еден ден  ќе биде силно усмерено на барање на вистината, правдата и ќе остане желно за нови знаења.

Детето сака ризични активности и често се повредува, значи…

Еден ден таа храброст ќе биде важна за чувството назадоволство затоа што нема да се плаши од нови предизвици и целиот свет ќе му биде на дланка.

Детето многу фантазира, значи…

Еден ден неговиот голем креативен потенцијал би можел да блесне.

Детето е ’посебно’ на некој необјаснив начин…
Еден ден ќе гледа на животот на неконвенционален начин и ќе му носи на светот нови идеи.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]