Пет видови храна кои негативно влијаат на развој на мозокот и помнењето кај децата

Она што треба да се знае е дека нездравата храна не е проблем само затоа што е полна со шеќер, сол и адитиви и што е сиромашна со хранливи материи, туку и затоа што може да му наштети на развојот на мозокот и на когнитивните способности.

0
911

Познато е дека храната има големо влијание на нашето севкупно здравје, а кога станува збор за бебињата и за малите деца, тоа влијание е пресудно, особено за развој на мозокот и памтењето.

Исто како што ги храниме со хранливи и здрави намирници за нивниот физички развој, треба внимателно да ја бираме и храната која дејствува на нивниот когнитивен развој.

Но едно е желбата на родителите да го хранат детето со „правилни“ намирници, а друго е вистинската состојба, затоа што бебињата и малите деца знаат да бидат исклучително пребирливи и нервозни со оброците и хранењето.

Некои мајки се среќници чии бебиња и мали деца уредно јадат се што ќе им се понуди, но голем е бројот на оние чии деца упорно ја бараат својата омилена храна, а останатата ја одбиваат. Главно, таа омилена храна не е баш здрава, но сеедно повремено ја даваме. Со нездравата храна го поткупуваме детето да ја изеде онаа здравата.

Она што треба да се знае е дека таа нездрава храна не е проблем само затоа што е полна со шеќер, сол и адитиви и што е сиромашна со хранливи материи, туку може да му наштети на развојот на мозокот и на когнитивните способности.

Овие пет видови храна никако не е препорачливо да им се даваат на деца помлади од седум години, а целосно треба да се елиминираат од менито на бебињата:

  1. Полуготова инстант храна за микробранова или за брзо пржење во масло

Во оваа група спаѓаат замрзнатите компирлчиња, полуготови замрзнати пици кои треба само да се запечат на 10 минути, тестенини од кесичка за брзо приготвување, замрзнато панирано месо и слична полуготова инстант храна. На тој начин процесуираната и пакувана храна докажано влијае на промени на расположението, хиперактивност и појава на главоболка кај возрасните и децата. Најдобро е да се држите до оброците подготвени од свежи намирници.

  1. Храна и слатки со силни и непридони бои

Во оваа група спаѓаат разни гумени и други бонбони, сладоледи, шеќерна волна, односно, се што е обоено со непридони и силни бои. Децата ги сакаат, секако, затоа што се шарени, интересни и слатки. Но вештачките бои во слатките се многу поголемо зло од  од шеќерот и се поврзуваат со низа когнитивни проблеми – дефицит на внимание и хиперактивност, тескоба, главоболки. Освен штетниот шеќер и боите, споменатите слатки се полни со разни хемиски додатоци чие влијание на организмот во развој се уште не го знаеме, но знаеме дека не може да биде позитивно.

  1. Храна и пијалоци со кофеин

Кофеинот не се наоѓа само во кафето, туку и во чајот и во некои газорани напитоци, во некои видови чоколади и во некои лекови. Ако го земаат во преголеми дози, кофеинот може да им наштети и на возрасните. Децата се полчувствителни на кофеин и би требало во целост да се отстранат од нивната исхрана сите намирници и пијалоци кои го содржат. Кофеинот е стимуланс кој делува на мозокот и предизвикува нервоза, хиперактивност, несоница, главоболка и проблеми со варењето.

  1. Храната која е „чист“ шеќер

Храната богата со шеќер ќе се најде на самиот врв од листата на омилена храна на сите деца, но познато е дека храната која е во основа шеќер, негативно делува на развојот, предизвикува хилерактивност и влијае негативно на апетитот на детето.

Шеќерот го ремети вниманието, предизвикува кај детето немир, болки во стомакот и го ослабнува имунитетот. Затоа е многу важно храната која е во основа чист шеќер да се намали на најмала можна мерка. Тука спаѓаат сладоледите, кексите, чоколадите, пудинзите и другите слатки.

Секогаш постојат поздрави алтернативи како што се овошјето, јогуртот и домашните кекси од  целовито брашно и житарки.

  1. Храна богата со транс-масни киселини

Во оваа група спаѓаат хамбиргерите, грицките, помфритот, полуготова храна, пржена храна, маргарин и пекарски производи. „Лошите“, незаситени масни киселини во оваа храна докажано делуваат негативно на помнењето, предизвикуваат воспалителни процеси во организмот и го реметат производството на хормонот на среќа, серотонинот, па доведуваат и до промени во расположението и однесувањето.

Која храна е добра за развој на мозокот кај бебињата и малите деца?

Добри масти: маслиново масло, масло од сусам, јаткасти плодови, семки, авокадо, органски одгледано месо и јајца, зелен лиснат зеленчук, чиа семки, рибино масло и риба, путер, јогурт.

Храна богата со колин: јајца, рибино масло, црн дроб, кикирики, соја во зрно, семки од сончоглед, овес.

Храна богата со пигмент: јагоди, боровинки, малини, капини, рибизли, цреши, вишни, патлиџан, цвекло, грејпфрут, црвен кромид, црвени јаболка, келј, црвена зелка, брокула, домати и слично.

[better-ads type='banner' banner='999' ]