Петгодишник тргнал да си купи Ламборџини, возејќи го автомобилот на мајка му (ВИДЕО)

Полицаец кој во американската држава Јута запрел автомобил на автопат бил изненаден кога открил дека на седиштето на возачот седи петгодишник.

0
370

Забележувајќи возило кое се движело многу бавно по левата лента на автопатот Interstate 15, полицаецот ја вклучил сирената, а возачот дисциплинирано се престроил на лентата за запирање.

Разговорот помеѓу „возачот“ и полицискиот службеник, снимен од камерата за надзор кое било објавено на Јутјуб од страна на полицијата, имало речиси 760.000 прегледи.

„Имаш пет години?“, вели полицаецот. „Леле!“ Потоа го прашал момчето каде научил да вози и ги запишал останатите детали.

Петгодишникот кој останал анонимен затоа што е малолетен, му рекол дека си отишол од дома со автомобилот на родителите откако се скарал со неговата мајка. Тој му кажал на службеникот дека е лут затоа што таа му рекла дека не сака да му купи Ламборџини.

„После расправијата, тој решил да влезе во автомобилот и да оди во Калифорнија и таму самиот да си купи Ламборџини. Веројатно ќе му недостасуваа пари за да го купи затоа што во својот паричник имаше само 3 долари“, напишала полицијата на Твитер.

Фото: YouTube screenshot

[better-ads type='banner' banner='999' ]