Неправилната работа на срцето, позната како атријална фибрилација (AF) е најчесто пореметување на срцевиот ритам и го зголемува ризикот од мозочен удар.
Врската помеѓу AF и пушењето е добро позната, но новата студија укажува на силната врска помеѓу пасивното пушење и состојбите кои настануваат. Истражувачите од Калифорнискиот Универзитет во Сан Франциско откриле дека цигарите што ќе ги испушат родителите во текот на денот го зголемува ризикот од AF кај нивните деца за 18 отсто. Истражувачкиот тим прегледал повеќе од 5000 лица помлади од 18 години и ги следел во текот на следните 40 години. Помеѓу децата кои биле вклучени во студијата, 82 отсто биле изложени на пасивно пушење.
Лекарот ги оценувал родителите секои две до четири години, а децата ги оценувал секои четири до осум години. Родителите пушеле во просек околу 10 цигари дневно. Отприлика секоја седма личност помлада од 18 години која учествувала во истражувањето развила AF во текот на периодот на следењето.
„Нашите забелешки даваат нови информации важни за престанок на пушењето, истакнувајќи ја штетноста која може да биде поврзана со најмладите членови на нивното семејство, со нивните деца“, рекол водечкиот автор на студијата, професор Грегори Маркус, од Калифорнискиот Универзитет во Сан Франциско.
„Со сѐ поголема распространетост на атријалната фибрилација (AF), неопходно е ослободувањето од модифицираните фактори на ризик, како што е пушењето цигари, за да се намали глобалниот проблем од AF“, додал професорот.
Родителите пушачи се можеби само почеток на маѓепсаниот круг, укажува новата студија. Исто така, истражувачите откриле дека 17 отсто од децата на родителите кои пушат се во поголем ризик и самите да станат пушачи.
Се проценува дека пушењето е директно одговорно за седум отсто од случаите на AF, а самите пушачи се за 32 отсто во поголем ризик од AF отколку непушачите. Атријалната фибрилација предизвикана од пасивното пушење може да го зголеми ризикот од шлог, дури за пет пати.
Стапките на AF пораснале и сега се одговорни за 750.000 хоспитализации и 130.000 смртни случаи годишно, поради што тоа станало приоритет кога е во прашање превенцијата.
Фото: Pixabey