Пандемијата ја зголеми смртноста кај родилките и случаите на мртвородени деца

Смртноста кај родилките и случаите на мртвородени бебиња се зголеми за една третина за време на пандемијата на ковид-19.

0
98
Анализата на податоците од 40 студии спроведени во 17 земји низ светот покажува дека рестриктивните мерки против коронавирусот, нарушувањата на здравствената заштита кај идните мајки и стравот на родилките да ги посетуваат болниците, ги зголемија ризиците за бремените жени и тоа придонесе за влошување на показателите за родилките и новороденчињата.

„Пандемијата на ковид-19 имаше големо влијание врз здравствените системи“, вели професорката Асма Калил, коавтор на студијата на Универзитетот „Сент Џорџ“ во Лондон.
„Ова доведе до смртни случаи на родилки и бебиња што можеле да се избегнат, тие се забележуваат главно во семејствата со ниски и средни примања“, вели таа.
Резултатите од анализата беа објавени во списанието „Lancet Global Health“. Студијата открила не само општо влошување на стапката на смртност кај новороденчињата и родилките, туку и влошување на психичкото здравје на бремените жени.
Анализата не се однесува на директните влијанија на ковид-19 врз бременоста.
Фото: Pexels
Извор: МИА
[better-ads type='banner' banner='999' ]