Оттуѓувањето на детето од едниот родител е последица од манипулација на другиот

Оттуѓувањето од родителите е „процес и последица од психолошка манипулација со детето“, тоа е вид на „емоционална злоупотреба“. Оттуѓеното дете е злоупотребувано дете, тврдат д-р Карен Вудал и Ник Вудал!

0
1015

Разводот на брак е една од најстресните ситуации кои можат да му се случат на детето, а во таква стресна ситуација детето често се оттуѓува од едниот родител и се приклонува кон другиот за да се заштити.

Токму за ова зборувале д-р Карен Вудал и Ник Вудал на предавањето „Разбирање и работа со децата и семејствата погодени со оттуѓување од родителот: Слушање на автентичниот глас на децата и интервенирање за помош за опоравување“ во организација на Поликлиниката за заштита на деца и млади на Град Загреб и Здружението на судии за млади, семејни судии и стручњаци за деца и млади.

Предавањето почнало со минута молчење за социјалната работничка Блаженка Поплашен, убиена на своето работно место, а потоа зборувала претседателката на Одделот за млади на Жупанискиот суд во Загреб д-р Лана Пето Кујунџиќ која ја истакнала важноста од разбирање и носење пресуди во полза на детето. Односно, нејзината желба да не размислува како судија и да им дава време на едниот и на другиот родител туку да дејствува кога му е потребно на детето. Покрај тоа го нагласила своето залагање судиите, адвокатите и правниците да присуствуваат на вакви предавања како би можеле да ја донесат најдобрата пресуда.

Разводот му штети на детето – табу реченица

Воведот во предавањето на Карен и Ник Вудал е направен со краткиот филм „Оттуѓување“ во кој е снимен разговор со мајка од која нејзиното дете се оттуѓило и се приклонило кон таткото.

Разводот им штети на децата“, го почнала предавањето д-р карен Вудал од лондонската Клиника за раздвоени семејства (Family Separation Clinic) истакнувајќи дека до пред неколку години во Велика Британија таа реченица била табу затоа што многу брачни двојки се разведувале. Таа истакнала дека разводи секогаш ќе има, но е потребно да се намали нивното влијание на децата.

Тоа се одлуки на возрасни луѓе, родители, од кои најмногу ќе страдаат децата“.

Ник Вудал продолжил и го објаснил „триаголникот на односи“. Детето има единствен однос со мајката, единствен однос со таткото и тие тројца како семејство имаат уште една специфична врска. По разводот, детето задржува однос со мајката и со таткото, но се губи нивниот однос како семејство па често токму детето чувствува дека негова работа е да го одржи“.

Секако, детето не може да го носи овој товар на односите и поради тоа неретко доаѓа до приклонување кон едниот родител.

Оттуѓувањето од родителот е патолошко приклонување на детето кон едниот родител“, објаснил Ник Вудал додавајќи: „Тоа е повеќе приклонување кон едниот родител, отколку што е одбивање на другиот“.

Одбивање на едниот родител – најнеприродната работа на светот

Пред почетокот на предавањето прикажан е краток филм во кој мајката е родителот од кој детето се оттуѓило и таа зборувала за тоа како нејзиното дете се сменило, се повлекло во себе и смета дека нема здрав однос со својот татко.

Предавачите коментирале дека љубовта не игра улога во приклонувањето кон едниот родител, туку стравот од напуштање и притисокотдека тоа ќе се случи, па затоа детето го бира едниот родител за да го избегне потенцијалното напуштање од двајцата.

Ник Вудал објаснил дека детското одбивање на едниот родител е „најнеприродната работа на светот“ затоа што родителите им се биолошки предодредени на децата за да се грижат за нив па детето чувствува страв и срам ако ги одбива своите родители.

Зошто детето се одлучува на оттуѓување од родителите? Стравот од напуштање е исклучително нагласен во овој однос, а детето ќе се приклони кон „помоќниот“ родител.

Неретко е случај детето да се приклони на пример кон таткото кој е насилен кон мајката затоа што и самото не сака да ја доживее судбината на мајката па ја одбира страната на таткото“, објаснил Ник Вудал.

Оттуѓувањето од родителот е вид на „емоционална злоупотреба“

Карен Вудал го истакнала проблемот на откривањето на оттуѓувањето од родителите затоа што понекогаш навидум родителите кои се полни со љубов, разбирање и можат да им бидат пример на другите родители, всушност користеле манипулација за да го одбијат детето од другиот родител. Освен тоа постојат и различни степени на оттуѓување затоа што е секое дете единствено па така и обликот и интензитетот можат да бидат поинакви. Важно е да се нагласи дека оттуѓувањето од родителите е „процес и последица од психолошка манипулација со детето“, со други зборови, тоа е вид на „емоционална злоупотреба“. Оттуѓеното дете е злоупотребувано дете.

Како што е веќе наведено, на детето му е неприродно да се оттуѓи од родителите затоа што со тоа се врзани стравот и срамот. Поради тоа детските причини за одбивање мораат да бидат непримерени и нереални зада не чувствуваат срам и страв. На пример, детето ќе го оправда одбивањето на родителот зашто не му се допаднало како било зготвено јадењето или не му се доаѓала бојата на ѕидовите во станот на родителот. Оттуѓените деца го опишуваат едниот родител како совршен, а за другиот родител не можат да се сетат на ниту една убава особина. Оттуѓените деца не покажуваат вина ниту сочувство поради зборовите и однесувањето кон оттуѓениот родител.

Стратегии на оттуѓување кои ги користат родителите според Поликлиниката за заштита на децата на град Загреб:

Претерано угодување на детето – еден родител го дозволува она што не е дозволено кај другиот

Игнорирање на позитивните искуства кои ги има детето со другиот родител.

Пренагласување на пропустите на другиот родител

Претерано задирање во односот на детето и другиот родител – наметнување на своите правила на однесување кај другиот родител

Опструирање на контактите на детето и другиот родител – забранување на контактите или осмислување на изговори затие контакти да не се одржат.

Покажување непријатни емоции кога детето остварува однос со другиот родител – покажување лутина, тага, страв, загриженост, со зборови или со однесување.

Испраќање на двострани пораки на детето – поттикнување да се види со другиот родител, а притоа плачење или покажување други негативни емоции.

Негативно коментирање на другиот родител

Лажно обвинување за злоупотреба – поттикнување на зборување дека родителот го тепал иако тоа не е вистина.

Пасивно дозволување на другите членови на семејството или пријателите да го оттуѓуваат детето

Споделување на непримерни информации со детето – за судскте постапки, брачните односи и слично

Заменување на улогите дете-родител – барање од детето да се грижи за чувствата на родителите

Заменување на биолошкиот родител со нов партнер/ка – барање да ги вика мама или тато

Охрарување на лутината на детето кон другиот родител

Ограничување на комуникацијата на детето со другиот родител

Ускратување на информациите за детето

Поттикнување на чувството на вина на детето ако си поминало убаво со другиот родител

Неможност да се раздвои сликата на себеси и на детето – зборување дека родителот со разводот не оставил „нас“.

Зошто е важно да се лекува оттуѓеното дете?

Оттуѓеното дете кое е емоционално злоупотребувано може да развие ментални болести. Меѓутоа, проблемот на оттуѓување на детето од родителот може да има долготрајни последици затоа што како што нагласила Карен: „Детето кое се оттуѓило од едниот родител има поголема веројатност да стане родител кој неговото дете во иднина ќе го оттуѓи!“ Токму ова е причина за важноста на сфаќањето и спречувањето на ваквата манипулација.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]