Во Фејсбук групата која обединува родители, Ејми Кини откриа дека облеката со дамки треба едноставно само да се обеси на сонце. Таа објавила фотографија од боди извалкано с сос од домати па покажала како тоа изгледа после 24 часа стоење на сонце.
На другата фотографија се гледа чисто бело боди за кое воопшто не би претпоставиле дека ден претхдно било полно со дамки.
Ејми не е единствената мајка која го открила овој трик. Многу родители се пофалиле дека сончевите зраци функционираат подобро од кој и да е избелувач.
Како што пишува Дејли Мејл, ултравиолетовите зраци предузвикуваат разбивање на хемиските врски поради што имаат ефект на избелување.
„Не прашувајте ме како, но дефинитивно делува. Ние успешно ги отстранивме дамките од домати и какушки. Беа доволни само неколку часа на јако сонце“, напшала една членка од групата.
Но секогаш треба да се најде идеална мерка затоа то долготрајното изложување на сонце може да има и несакан ефект, односно, да ја избледи бојата на ткаенината.
Фото: Фејсбук