Откриена терапија против аутизам?

Лековите кои го поттикнуваат протеинот IL-37 би можеле да бидат терапија со која би се намалило нивото на протеин IL-18 кој е познат тригер на воспаленија кај децата со аутизам, и тоа особено во оние делови од мозокот одговорни за страв, помнење и внимание.

0
359

Екипата на истражувачи од Универзитетот Туфтс од Бостон во Масачусетс тврдат дека е можно дека лековите кои поттикнуваат антивоспалителни протеини еден ден ќе бидат успешен третман против аутизам.

Пореметувањата од спектарот на аутизмот се однесуваат токму на пореметувањата во комуникацијата и однесувањето, па во нив ги вбројуваме состојбите како аутизам и Аспергеров синдром, а симптомите можат да бидат благи или тешки.

Истражувачите проучувале 16 мозоци на починати деца, од кои пола имале пореметување од спектарот на аутизмот , а пола немале.

Сите деца имале помеѓу 3 и 14 години. Резултатите покажале високи нивоа на протеинот IL-18, познат тригер на воспаленија кај децата со аутизам, и тоа особено во оние делови од мозокот одговорни за страв, помнење и внимание. Освен тој протеин, најдени се и покачени нивоа на протеин IL-37, кој делува противвоспалително.

Поради тоа се склони да веруваат дека лековите кои го поттикнуваат протеинот IL-37 би можеле да бидат терапија со која би се намалило нивото на протеин IL-18 во мозокот.

Фото: Pixabey

[better-ads type='banner' banner='999' ]