Оставете ги децата да се досадуваат

Кога им е на децата здодевно родителите прават голема грешка заради која децата ќе пораснат во фрустрирани луѓе.

0
770

Порано кога во домовите имало еден телевизор со еден или два програми кога на децата им било здодевно излегувале надвор да си побараат друштво за играње. Кога надвор врнело, морале сами да си измислуваат игри, да си играат со играчки или да си редат коцки.

Досадата секогаш била двигател и важен фактор за развој на детето. Кога му било зодевно, детето морало да смисли нешто, да се организира, да поврзе некои работи, да смисли некоја нова игра, да побара друштво.

Но што се случува денеска со децата?

Родителите премногу ги заштитуваат децата, прават наместо децата сѐ, една, друга, трета работа. Тие го решаваат проблемот на досада на своите деца наместо да ги пуштат сами да го решат тоа. На пример, му купуваат веднаш нова играчка, нова видео игра или го вклучуваат телевизорот на кој има 50 програму, а тие програми се направени од психолози за да го „заробат“ детето што повеќе да гледаат телевизија.

Компјутерите не се лоши, но проблем е кога тие стануваат замена за сѐ.

Нашите деца растат во виртуелен свет. Играњето на игрите создава зависност затоа што мозокот лачи преголеми количини ендорфин што предизвикува преголеми количини на среќа.

На пример, многу деца денеска дури и кога се на одмор со родителите, наместо на плажа, одбираат да седат во хотелот и да играат игри.

Што ќе прави детето кое не знае да излезе на крај со чувството на досада, за 5 или 10 години? Ќе биде фрустирана личност со праг на толеранција еднаков на нула. Тоа дете мора да да добие сѐ веднаш и сега.

Тоа се новите генерации на деца. Тоа пак што родителите го решаваат проблемот со досадата на нивните деца е можеби и една од најголемите грешки во воспитувањето.

Кога му е на детето здодевно, родителите треба да знаат дека е најдобро да го остават да се снајде самото, можеби дури и да заплаче.

На пример, можете да им кажете: Како мислиш здодевно? Па здодевно им е само на глупите деца, а ти не си глуп. Можеби ова ќе помогне детето да се активира, ра ја развие својата креативност и логичното размислување и да се избори со досадата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]