Како му е на дванаесетгодишник кој во работната недела мора да ги исполни сите училишни обврски со високи оценки, два пати неделно да оди после училиште на странски јазик, два пати на тренинг и еднаш на ментално размрдување (како да сето ова веќе не е доволно)? И покрај сето тоа треба да биде и весел, пристоен, уреден, љубезен… Од каде такви нереални барања кои родителите ги поставуваат пред децата и потребата строго да им се организира слободното време? Каде исчезна старата добра досада?
„Супер сме. Никола оди на англиски и баш добро му оди“, беше одговорот на познаничката на моето прашање како е. Нема во тој одговор ништо спорно освен фактот што Никола има 10 месеци. Тој е весело бебе, младо 306 дена, со тркалезни образи и бистар поглед, која сѐ уште, по малку очекувано, не зборува. Ниту еден јазик.
Чекајќи заедно Никола по некое чудо да изброи до 10 или весело да каже четири бои на англиски јазик, неговата мајка љубопитно ме праша: „Размислуваме уште и за тоа да го запишеме на „ментална стимулација“ и на една феноменална музичка работилница. Што мислиш ти за тоа, дали е ок?
Различните програми кои се нудат речиси од моментот кога детето ќе заплаче во родилиштето, се дел од паралелниот систем на искуства, воспитување, образование кој следи дел од децата и нивните родители до доцната животна возраст. Системот е тој кој во најголема мерка го користат семејствата од привилегираното социоекономско опкружување. Тој дел од семејствата во активноста на тој систем структурирано и стратешки вложуваат значајни финансиски средства и труд. Системот е тој кој од моментот кога децата ќе тргнат во градинка или во училиште ја одредува целокупната семејна динамика. А најмногу од сѐ тој систем влијае на тоа како се расте.
Во најубавите години од детството кои допрва му претстојат, Никола, штом ќе прооди, ќе биде вклучен во некој облик на спортска активност која ќе се менува во текот на периодот на одење во градинка. По поаѓањето во училиште тој и родителите ќе се одлучат за една од нив.
Вчера балет, денеска роботика, утре кошарка
Англиски ќе продолжи да учи и надвор од училиштето, наспроти фактот дека странски јазик како задолжителен предмет ќе учи од прво одделение во основно. Можно е дека во некој момент ќе почне да учи и друг странски јазик надвор од училиштето, иако повеќето јавни училишта нудат учење на втор странски јазик од петто или шесто одделение. За да биде во согласност со „потребите на 21.век“, од прво одделение ќе тргне и во училиште за млади програмери и ќе учи информатика. Кога му се родителите баш многу амбициозни, Никола веројатно ќе посетува и многу научно невтемелени и недокажани програми и работилници усмерени кон „зголемување на интелигенцијата“, „Ширење на способноста за внимание“, „развој на левата или десната страна на мозокот“… Исто така, веројатно дека родителите во трето одделение ќе го запишат Никола во музичко училиште. На клавир или на готара, зависно од неговиот избор. Од втора година во средно училиште Никола и неговите родители ќе користат услуги на приватни учители за да ги подобри оценките. Како матурант ќе запишува различни подготвителни курсеви за полагање на испитите за државна матура, иако нив бесплатно ќе му ги обезбеди училиштето. Она што не се плаќа од негов џеб, не е квалитетно – она што се плаќа, тоа вреди.
Големи барања за мали деца
Тоа е напор за кој повеќето луѓе сметаат дека наголемо ја надминува вклученоста на бабите и дедовците, мајките и татковците кога тие биле деца. Колку пати сте чуле или сами сте кажале: „Моите не знаеја ни што работам ни каде сум. Само ќе ме пуштеа надвор“.
„Вчера балет, денеска програмирање, утре кошарка: до кога веќе морам да ја чекам, а малиот и да не го спомнувам. Се чувствувам како хрчак во кафез. Заради сите тие активности воопшто не функционираме како семејство. Понекогаш ми доаѓа сѐда откажам, да ги седнам сите на маса и да играме секој ден „Човече не лути се секој ден. Повеќе би добиле од тоа“, се зборовите на мјот школски другар. Како родители ги користиме овие активности за да го поттикнеме развојот на своите деца, за да им обезбедиме различни искуства и да ги организираме деновите. Со изборот на активности истовремено го надокнадуваме сето она што мислиме дека му недостига на системот на образование и воспитување: недоволна модерност, забавност, отвореност, недоволна застапеност на уметничко и телесно образование. Со вклучувањето на децата од рана возраст во сѐ поголем број активности занемаруваме некои многу важни законитости на развојот и растењето.
Каде исчезна досадата?
Еднаква корист како од учењето кинески или програмирањето децата можат да имаат од заедничката игра во паркот и на училишното игралиште, која нема да биде организирана од некоја возрасна личност или од родителот. Со разговор со врсниците во неструктурирани активности, децата развиваат толку неопходни социјални и комуникациски вештини кои нема да може да ги стекне на ниту една работилница.
Со учествувањето во правењето мали белји со другарчињата и учењето за меѓусебните односи, за моралот и етиката ќе научите повеќе отколку што некогаш ќе научите на веронаука или на граѓанско. Во светот на најразлични информации кои доаѓаат од различни екрани и во свет во кој сме им наметнале целосна организација сме ја занемариле потребата за нешто за што и сами копнееме: за досада. Во страв од досада занемаруваме дека токму таа е често простор за креации, иновации, хумор, без оглед на тоа дали имаш 8, 12, 28, 46 или 93 години. Неструктурираните активности и досадата се простори во кои младите лица можат да рефлектираат кои се и што се, кои сме ние другите и што е сето тоа околу нив. Досадата е важна, а ние по сопствен избор ја укинавме.
Основната причина за високо структурирање на активностите на децата и младите лица е очекувањето дека нашите деца со таквите избори ќе дојдат до одредени компаративни предности во животот. Искуствата за децата ги одбираме замислувајќи ја идеалната личност на денешницата: онаа која е когнитивно способна, усмерена кон физичка активност и здрав живот, личност која ја цени уметноста и се изразува уметнички, која може да комуницира во глобализираниот свет и оди во чекор со развојот на технологијата. Тоа е слика на личност за која често би сакале да сме ние самите, а која толку непромислено ја проектираме во сопствените деца. Како возрасни луѓе во многу нешта сакаме да забавиме. Се поставува прашањето зошто истото не го сакаме и за оние во кои се колнеме, за своите деца? Што е тоа толку опасно на училишното игралиште? Што навистина ќе изгубат ако не учат странски јазик или ако не одат на две спортски активности и на лажни работилници за зголемување на интелигенцијата од четиригодишна возраст?
„Тоа е премногу за него“, ѝ одговорив на познајничката додека на Никола почна да му тече лигушка. „Имам подобра идеја. Наместо сето тоа, седнете како семејство и играјте Човече не лути се“, додадов.
„Дај не зафркавај. Никола е премногу мал за тоа“, ми одговори таа.
Текстот е преземен од ТУКА.
Фото: Pixabay