Одличен трик со кој ќе ги натерате децата добро да ги мијат рацете

Родителите се досетиле на одличен начин да ги натераат децата да мијат раце. Со овој трик повеќе нема грижи и потреба од постојано држење лекции

0
274

Граѓаните во текот на ситуацијата со коронавирусот (секако, не само тогаш) мораат да водат сметка за хигиената и редовно да ги мијат рацете, а на ова е најтешко да се натераат децата.
Сепак, родителите смислиле неколку начини за да им го направат на своите деца поинтересно миењето на рацете, а еден ваков статус сега кружи на Фејсбук. Во објавата пишува дека еден татко секое утро ја прави истата работа за да го натера детето да ги измие рацете правилно.
„Еден татко секое утро му црта на својот син вирус на раката и ако малиот денеска доволно пати ги измие рацете, вечерта повеќе нема да го има вирусот. Тоа е толку едноставно”, пишува во статусот.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]