Одвикнување од пелени во неколку чекори

Децата фантастично соработуваат преку игра и од нив можете да добиете што и да посакате, само ако си играте. Тие се природно талентирани за учење и приспособување.

0
241

Не ја спорм вистинитоста на спомените, но од оваа гледна точка, ми звучи како СФ-филм. Самата процедура на отстранување на пелените најтешко ми падна од сите бебешки навики. Всушност, ќерка ми ја одвикнуваше баба ѝ додека беше кај неа, па таа должност, со сето задоволство и заслуги, ѝ ги препишав на мојата мајка. Тоа беше готово за само неколку дена, па не ни почувствував како може да изгледа целиот процес. Го прифати нокширот, а и адаптерот без проблеми и главно без голема драма ги тргнавме пелените.

Кога го испратив син ми кај мајка ми да се здружат со нокширот, очекував да го врати со успешно совладан предизвик. Доживеавме пораз. Бабините магични сили кај него не вродија со плод. Малиот човек одлучил дека не сака нокшир. И готово. Нема расправија. Не сака за жива глава. Сине драги, ако тебе не ти пречи, мене уште помалку. Никој не отишол со пелени на училиште, а до големина 6 имаш уште малку, па како сакаш. Се тешев така. Кога ќе биде подготвен самиот ќе бара. Црц. Ништо од тоа. Тој прво сфати дека во гаќи му е поубаво отколку во пелени и потоа имав период на нудење на веце-школката на секој половина час. Нокширот никогаш не го засака. Поминаа околу 15 дена додека не почна да пријавува дека сака да „моцка во солја“. Потоа се бркавме кој прв ќе стигне до тоалетот. Го држам јас да не падне во школката, го галам по грбот додека тој ѕирка како оди процесот на отпуштање на она што треба да се исфрли, па следува: „Дали заврши, душо? Браво! Чао, гомненце! Види, си заминува!“ Мавтаме така двајцата. Воодушевени. Ги миеме рацете и продолжуваме со дневните активности. Треба ли да напоменувам дека машината за перење во тој период работеше прекувремено, а подот сјаеше од триење?

Одвикнување од пелени – 1

Не се обидував насила да го одвикнам од пелените. Ниту го казнував кога ќе направеше беља. Откако претворивме сè во игра, тој со задоволство ги завршува тие работи. Познавам многу луѓе што се заканувале и ги тепале децата кога не сакале да седнат на нокшир или ако направат беља во гаќи. И децата целиот процес на одвикнување го поминуваат многу стресно. А должината на одвикнувањето на таков начин може да резултира со забавување на самиот процес. Децата фантастично соработуваат преку игра и од нив можете да добиете што и да посакате, само ако си играте. Тие се природно талентирани за учење и приспособување. Меѓутоа, со наредбите, казните и заканите можеме само да постигнеме децата да соработуваат од страв. А тука ниту една страна не се чувствува добро. Ниту родителите ниту децата. Зарем не е поентата во тоа децата да го направат она што го бараме од нив затоа што тоа навистина го сакаат: или само ни е полесно да бараме, да се закануваме и казнуваме за да го добиеме посакуваното однесување? Колку и да изгледа комплицирано, играта сепак е полесен начин. И поубав. Настојувам да ја користам кога сакам да постигнам нешто.

Така ја засакавме веце-школката. Играјќи. Тркајќи се кој прв ќе стигне до неа. Се радувавме кога „работата“ ќе ја завршевме како што треба. А со текот на времето се јави и воодушевување од сувите гаќи и настојување да останат суви. Дотогаш поминаа 15 дена во нудење на веце-школката на секој половина час. Сега веќе не морам ни да ја нудам, сам ја бара. Се тркаме ние и понатаму, колку да биде позабавно. Во една пригода се опколив со облека за диплење која имав намера да ја преселам од штицата за пеглање во плакарите. „Мамооо! Бато ги соблече гаќите и самиот се качи на веце-школката!“, вика мојата ќерка од тоалетот. Јас влегувам во моментална паника поради сето она што би можело да се случи. Само да не пропадне! Ги фрлам алиштата на кревет и влетувам во тоалетот, а тој целиот насмеан: „Мамооо! Видиии! Моцкав на солјаа саааам!“. Браво мајсторе! А сега држи се за мама барем додека задникот не ти порасне. Ќе биде нешто од нас.

П.С. Среќно со одвикнувањето од пелените! Тркајте се до шолјата! До сувите гаќи!

Текстот е од ТУКА.

Фото: Pixabay

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]