Одвикнете го бебето од пелени – без пелени

Некои бебиња се одвикнуваат од пелени после вториот роденден и затоа ако забележите дека вашето дете е подготвено и доволно зрело, задолжително испробајте го овој начин за одвикнување кој се практикува во многу краишта од светот.

0
1592

Во Америка најчесто децата се одвикнуваат од пелени до третата година додека во некои делови од Азија, Јужна Америка и некои делови од источна Европа родителите почнуваат да ги одвикнуваат децата од пелени набрзо по раѓањето. Една студија објавена во Виетнам која ги следела младите мајки и бебињата покажала дека сите бебиња од студијата до деветиот месец од животот се одвикнале од пелени, а до втората година во целост знаеле како се користи нокшир, благодарение на посебна техника на одвикнување од пелени без пелени.

Оваа техника се базира на идејата дека бебињата природно сигнализираат кога им се оди во тоалет, односно, кога еднаш ќе ги сфатите сигналите што ги дава детето пред да му се мочка, веднаш ставете го на нокшир и направете звук како свирење на кој детето со време ќе одговара со мочкање. На овој начин бебето добива психичка поддршка затоа што во тој момент едноставно не е доволно силно за да седи самото исправено. Во Кина ваквиот начин на одвикнување од пелени се практикува веќе со векови, а родителите го држат бебето буквално над нокширот што го поедноставува целиот процес. Ако сакате да го испробате овој начин на одвикнување од пелени треба претходно да си одговорите на некои едноставни прашања.

Дали сте доволно опуштена личност?

Ваквиот начин на одвикнување од пелени ќе биде поефикасен кај мајките кои имаат смисол за хумор и кои се поопуштени и можат да го прилагодат животот кон тој процес. Родителите обично ја модифицираатe целата постапка, на пример, продолжуваат да користат пелени кога им одговара, односно кога се надвор и не можат да следат.

Можете ли да ги следите сигналите?

Речиси сите деца испраќаат сигнали дека им се оди во ВЦ, тоа е обично стенкање кога станува збор за голема нужда, а собирањето на ноџињата кон стомакот кога станува збор за мала нужда. Можеби ќе ви биде потребно извесно време да сфатите кои се сигналите во случајот на вашето дете, но еднаш кога ќе сфатите, важно е да не ги игнорирате.

Можете ли да излезете на крај со притисокот на средината?

Ова не е целосно традиционален пристап кон одвикнување од пелени, со самото тоа што со него се почнува прилично рано и бидете подготвени на тоа дека луѓето можеби ќе с еобидат да ви наметнат дека тоа не е доволно добро и дека можеби треба да почекате и да го смените пристапот. Наш совет е доколку се одлучите на ваков начин на одвикнување од пелени да бидете истрајни и да се обидете да бидете колку што е можно попозитивни кон околината.

Значи, за да го спроведете до крај овој тренинг, за почеток е потребно да сфатите кои се сигналите кои ги испраќа вашето дете пред да се олесни. Еднаш кога ќе сфатите, треба да му ја симнете пелената и повеќе да не му ја враќате назад. Штом ќе забележите дека бебето сигнализира дека му се оди во тоалет, земете го и држете го над нокширот додека не заврши сѐ, и да го проследите ова со карактеристичен звук кој со време бебето ќе почне да го поврзува со својата потреба.

[better-ads type='banner' banner='999' ]